Десерт на денот: Турска чоколадна торта

Тортата со вкус на чоколадо е секогаш пожелна и сите со задоволство ја јадеме, па затоа ви предлагаме еден поинаков турски рецепт кој сигурно го немате пробано.

recept-na-denot-turska-cokoladna-torta-01.jpg

Ова е торта која најчесто ќе ја сретнете на роденденските прослави во Турција.

Потребни состојки:

  • 2 шолји овесни снегулки
  • 1 лажица какао
  • ½ шолја млеко
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер (може да додадете и повеќе по вкус)
  • 1 лажичка прашок за печиво

Црн крем

  • 1 ½ шолја млеко
  • 1 лажица нишесте
  • 1 лажица шеќер (може да додадете и повеќе по вкус)
  • 1 ½ лажица какао

Бел крем

  • 1 шолја млеко
  • 2 лажици нишесте
  • Шеќер по желба

Подготовка:

Прво изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте го млекото со овесни снегулки. По неколку минути матење со миксер додајте го какаото и прашокот за печиво. Добро промешајте со дрвена лажица.

Добиената смеса ставете ја во два округли калапи за печење и печете 30 минути на средна температура. Со чепкалка за заби проверете дали е готов пандишпанот.

Темниот крем подгответе го така што ќе ги измешате сите состојки и ќе ги загревате на тивок оган додека не добиете крем сличен на пудинг.

Печениот пандишпан исечете го на два дела (хоризонтално) за да добиете два потенки круга.

Обложете еден овален длабок стаклен сад со пластична фолија и ставете го едниот пандишпан врз неа. Садот треба да има помал дијаметар од самиот пандишпан.

Прелијте го кремот во садот, а потоа затворете со вториот пандишпан. Зацврстете со фолија.

Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер или ако имате време, нека преноќи.

Кога ќе биде целосно оладена, превртете ја на плитка чинија.

Белиот крем подгответе го исто како темниот и прелијте ја тортата одозгора.

Сечете поголеми парчиња за да не се распаднат.

recept-na-denot-turska-cokoladna-torta-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...

Најчитани неделава