Сочни и меки: Зебра палачинки

Веројатно досега сте слушнале за зебра колачот и зебра тортата, па тогаш зошто не би постоеле и зебра палачинки?

socni-i-meki-zebra-palacinki-01.jpg

Тестото е речиси идентично како за обичните, со тоа што треба да ја погодите шарата.

Потребни состојки:

  • 500ml млеко
  • 2 јајца
  • Малку сол
  • 1 лажица растопен маргарин
  • 1 dl минерална вода
  • Брашно по потреба додека тестото не стане кремасто и густо
  • 1 лажица какао (оди во ¼ од тестото)
  • 1 пумпа или кеса за правење шара

Подготовка:

Измешајте ја смесата за тестото, брашното додавајте го додека не биде кремасто и средно густо. Веројатно добро знаете, сте ги правеле 1000 пати.

Од смесата одвојте ¼ во помал сад и додајте го какаото. Измешајте додека не добиете кафеаво тесто.

Ставете ги различните теста во две кеси или пумпи за правење шари.

На загреана и намачкана тава со масло правете кругови наизменично од белото, па кафеавто тесто.

Испечете и филувајте по желба.

socni-i-meki-zebra-palacinki-02.jpg

socni-i-meki-zebra-palacinki-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Меки ѓевречиња по турски рецепт - ќе ги подготвувате постојано Во студените денови, ништо во домот не е поубаво од мирисот на тазе испечено тес...
Лиснати банана залчиња со чоколадо - рецепт кој им успева на сите Дома сигурно имате банани скоро во секое време. Па ако купите едно пакување лисн...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...

Најчитани неделава