Старински рецепт за урнебес салата

Познатата урнебес салата претставува вкусен солен гарнир кој сите го обожаваат, а рецептот е прилично едноставен за подготовка и не одзема многу време, па можете да го подготвите како домашно мезе кое сите членови од семејството ќе сакаат да го пробаат.

starinski-recept-za-urnebes-salata-01.jpg

Потребни состојки:

  • 500g полномасно овчо или кравјо сирење
  • 10 печени пиперки
  • 5 печени лути пиперчиња
  • 6 – 7 чешниња лук
  • 1 лажица кајмак
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 3 сварени жолчки
  • Малку масло
  • Сол

Подготовка:

Во поголема чинија или сад за матење ставете го сирењето и добро згмечете го.

Печените пиперки и лутите пиперчиња излупете ги и очистете ги од семките. Потоа ситно исечкајте ги и додадете ги на сирењето.

Лукот исто така изгмечете го заедно со жолчките јајце па додадете ги на сирењето.

На целата смеса додадете ги и останатите состојки: мелениот пипер, кајмакот и маслото.

Мешајте додека не добиете компактна смеса, а потоа посолете по желба.

Оваа салата треба да отстои најмалку 3 часа во фрижидер пред да ја послужите.

starinski-recept-za-urnebes-salata-1.jpg

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Во кујна со Моника од Прилеп: Кинати пиперки со лук, зимница што ја обожава целото семејство Кинетите црвени пиперки со лук и магдонос се вистински деликатес, зимница која ј...

Најчитани неделава