Идеи за зимница: Полнет модар патлиџан, брз ајвар и полнети пиперки со зелка

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-01.jpg

Ладните денови се како создадени за вкусна зимница која сте ја подготвиле однапред, во текот на топлите денови, а ова време е идеално токму за тоа - подготовка на вкусна зимница.

Па еве неколку интересни рецепти кои можете да ги ставите на вашата листа за подготовка за оваа зима:


Полнет модар патлиџан

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-1.jpg

Потребни состојки:

  • 4 – 5 Модри патлиџани
  • 1 Црвена пиперка
  • 1 Жолта пиперка
  • 2 Моркови
  • 4 – 5 Чешниња лук
  • Магдонос
  • 1l Вода
  • 4 – 5 Лажички сол
  • 1 Лажичка шеќер
  • Половина кесичка конзерванс

Подготовка:

Модриот патлиџан добро измијте го и отстранете ги дршките. Секое парче патлиџан пресечете го од една страна, ставете ги во сад, полијте ги со вода, малку посолете ги и гответе ги околу 5 до 6 минути.

Потоа, извадете ги од водата, процедете ги и оставете ги да се оладат.

Зеленчукот исчистете го и измијте го. Пиперките исечкајте ги на тенки полукругови, морковот изрендајте го, магдоносот и лукот ситно исечкајте ги, посолете ги по вкус и измешајте ги.

Со оваа смеса добро наполнете го секој модар патлиџан и модрите патлиџани ставете ги во тегли.

Во сад ставете ги водата, солта и шеќерот и кратко варете ги сè додека шеќерот не се растопи, а потоа додадете го и конзервансот.

Течноста ставете ја во секоја тегла, теглите затворете ги и оставете ги да стојат два дена на собна температура, а потоа ставете ги во фрижидер уште два дена.


Брз Ајвар

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-2.jpg

Потребни состојки за една тегла:

  • 8 Црвени пиперки
  • 8 Чешниња лук
  • 2 Лажички маслиново масло
  • Сол и бибер

Подготовка:

Пиперките измијте ги и печете ги додека не добијат речиси црна боја. Тргнете ги од огинот и ставете ги во тава која претходно сте ја намачкале со маслиновото масло. Сега пржете ги пиперките на тивко додека не омекнат. Потоа ставете ги во алуминиумска фолија и оставете ги 10 минути.

За тоа време исечкајте го лукот.

Пиперките оголете ги и вратете ги во тавата во која ги готвевте заедно со лукот и пржете ги уште 2 – 3 минути.

Така подготвените пиперки ставете ги во блендер, додека не добиете каша. Добиената смеса зачинете ја по желба.

За да трае подолго, вакумирајте ги во претходно стерилизирана тегла.


Полнети пиперки со зелка

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-4.jpg

Потребни состојки:

  • 4kg Бабури
  • 4kg Рендана зелка
  • 1l Оцет
  • 3l Вода
  • 250g Шеќер
  • 200g Сол
  • Кесичка винобран
  • Кесичка конзерванс
  • 20 – 30g Бибер

Подготовка:

Преливот за пиперките треба да го готвите 1 ден порано за да се олади. Заедно ги готвите: оцетот, водата, шеќерот, солта, винобранот, конзервансот и биберот. Истите ги варите околу 15 минути.

Пиперките добро измијте ги и оставете ги да се цедат. За тоа време изрендајте ја зелката, посолете ја и добро промешајте ја со раце. Стискајте ја додека мешате, а потоа оставете ја 10 минути да омекне.

Пиперките наполнете ги со зелката, а потоа редете ги во теглите. Откако ќе ги наполните сите тегли, ставете ја течноста која сте ја подготвиле претходниот ден.

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Предлог за ручек - вкусна медитеранска салата со компири и рукола Малку поинаков рецепт за класичната медитеранска салата - се прави лесно, а доми...
Летен ручек по рецептот на нашите баби: Похувани пиперки со растопено сирење Наместо да ги пржите, овие пиперки се подготвуваат во рерна, а ќе ви се допаднат...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Фенси бранч оброк готов за 15 минути: Потпечени јајца „Салса верде“ Ако сакате да ги изненадите домашните или пријателите со фенси бранч, ви препора...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg