Топла и вкусна супа од брокули и кашкавал
Дождливите денови се идеално време за да се препуштите на вкусно уживање во топла и едноставна супа, а добро би било ако можете да додадете и по некој витамин и протеин во неа.

Супата од брокула е одлична идеја токму за таа намена.
Како да ја подготвите?
Потребни состојки:
- 4 чаши готова пилешка супа
- 2 чаши сечкана брокула
- ½ главица кромид
- 400ml павлака за готвење
- 2 чаши рендан кашкавал
- Сол и бибер по желба
Подготовка:
Во голем сад ставете ги супата, сечканиот кромид и сето тоа зачинете го по вашиот вкус. Ставете го садот на рингла, потоа додадете ја сечканата брокула и гответе околу 15-ина минути. На крај додадете ги кашкавалот и павлаката и гответе уште 15 минути. Сервирајте топло.
Добар апетит!
Автор: М.A. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за најлесниот француски десерт - колач со кајсии што ќе го обожаваат сите
Еден од најпознатите француски десерти е клафути, колач кој е кремаст, вкусен, а...
Чорба со тортелини, домати и спанаќ - вкусно предјадење од кое ќе барате чинија плус
Тортелините за многумина се асоцијација за комплетен оброк. Но, ако ги искомбини...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за кох, најслаткиот десерт кој ни го правеа бабите и мајките
Се сеќавате ли на кохот кој ви го правеле мајките или бабите? Колачот потопен во...