Рецепт за најлесниот француски десерт - колач со кајсии што ќе го обожаваат сите

Еден од најпознатите француски десерти е клафути, колач кој е кремаст, вкусен, а може да се подготвува со секаков вид на овошје.

recept-za-najlesniot-francuski-desert-kolach-so-kajsii-shto-kje-go-obozhavaat-site-01.jpg

Бидејќи е сезоната на кајсии, изборот овој пат „падна“ токму на нив, но можете да изберете и друго (сезонско) овошје кога ќе решите да го подготвите.

Се прави брзо, а може да се сервира и со топка сладолед.

Верувајте, никој нема да може да му одолее.

Потребни состојки:

  • 10 кајсии
  • 3 јајца
  • 120g брашно
  • 70gг шеќер
  • 150ml полномасно млеко
  • 150ml слатка павлака
  • 40g листови од бадем
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица путер
  • 2 лажици кафеав шеќер

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги брашното и шеќерот во сад, па додајте ги јајцата и матете со жица додека не добиете мазна смеса.
  • Во неа истурете ги слатката павлака, млекото и екстрактот од ванила. Смесата треба да биде течна, како онаа за палачинки.
  • Намастете калап со дијаметар од 22cm со путерот, а дното посипете го обилно со кафеав шеќер за убаво да се карамелизира.
  • Измијте ги кајсиите, пресечете ги на половина, па наредете во калапот така што пресечената страна ќе биде свртена нагоре.
  • Прелијте ги со подготвената смеса, посипете со ливчиња од бадем и печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 45-50 минути, додека колачот не добие златна боја.
  • Можете да го сервирате топол, со топка сладолед од ванила.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлесниот рецепт за домашен леб без месење Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецеп...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава