Есенски деликатес: Вкусна пита со сливи

Доколку сакате да пробате вистински есенски деликатес, питата од сливи е идеален рецепт. Нејзиниот богат вкус е нешто посебно, а сега е вистинско време да ја направите.

esenski-delikates-vkusna-pita-od-slivi-01.jpg

Потребни состојки:

За тесто:

  • 300g брашно
  • 100g шеќер
  • 100g путер
  • 1 јајце
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Фил:

  • 600ml млеко
  • 2 пудинзи од ванила
  • 10 лажици шеќер
  • 200g Маскарпоне
  • 500g кисела павлака

И уште:

  • Околу 600g исчистени зрели сливи
  • 2 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер


Подготовка:

Калап со пречник од 24cm намачкајте го со путер и посипете го со брашно.

Подготовка на тестото:

Путерот исечете го на прачиња и додадете го во брашното, измешајте ги малку за да се растопи путерот и да добиете растресита смеса.

Додадете ги и останатите состојки за подготовка на тестото и измесете глатко тесто.

Од тестото одвојте еден дел (околу 150g) и двата дела (и поголемиот и помалиот) ставете ги во фрижидер на половина час.

Потоа поголемиот дел од тестото распоредете го во калапот така што ќе се покрие целиот калап.

Подготовка на филот:

Разматете го пудингот од ванила со 5 лажици шеќер и 100ml млеко. Преостанатите 50ml млеко и 5 лажици шеќер ставете ги да вријат и откако ќе зовријат на нив додадете го разматениот пудинг. На готовиот пудинг веднаш додадете ги маскарпонето и киселата павлака и добро промешајте.

Оваа смеса се распределува на тестото, а потоа се додаваат исечканите сливи, обичниот и ванилиниот шеѓер.

Врз сливите грубо се ренда остатокот од тестото.

Питата се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

esenski-delikates-vkusna-pita-od-slivi-1.jpg

Се остава да се олади, а потоа се става во фрижидер на неколку часа.

Може и преку цела ноќ за убаво да се стегне филот, тестото малку да омекне и да се соединат сите вкусови.

Се посипува со шеќер во прав.

esenski-delikates-vkusna-pita-od-slivi-2.jpg

Добар апетит!

Би можело да ве интересира:

Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Во кујна со Зорка Јанчева - Рецепт за домашни грклани, десерт што ќе ве освои на прв залак Иако можеби и нема голема разлика помеѓу гркланите купени во продавница и оние ш...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за мини панцероти со сочен фил – ќе ги обожава цело семејство Ова се највкусните мини панцероти полнети со пица фил од кои се тегне кашкавал –...
Рецепт за здрави чоколадни браунис – се прават во блендер, вкусот е неодолив Сите состојки се здрави, се мешаат одеднаш во блендер и се става на печење - лес...

Најчитани неделава