Чоколадна торта со полнење од бело чоколадо

Само замислете си го двојното чоколадно задоволство - гледате торта од темно чоколадо, сечете залче и откривате дека внатрешноста е полна со крем од бело чоколадо.

cokoladna-torta-so-polnenje-od-belo-cokolado-01.jpg

Токму такво уживање ве чека ако решите да одвоите нешто повеќе од половина час и да го подготвите овој рецепт.

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 14 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 6 лажици топла вода
  • 4 лажици какао
  • 1,2l млеко
  • 1 бело чоколадо
  • 400g маргарин
  • 100g густин
  • 150g шеќер во прав
  • 2 темни чоколади за готвење

Подготовка:

6-те јајца изматете ги со 6 лажици шеќер.

Брашното измешајте го со прашокот за печиво и какаото, па додајте ги изматените јајца.

Додајте 6 лажици млака вода, па изедначете ја смесата.

Прелијте ја во плех премачкан со масло и печете 20 минути на 200 степени.

Од 1 литар млеко одвојте 10тина лажици и помешајте ги со густинот и 4 лажици шеќер, па направете густа смеса.

Остатокот од млекото оставете го да зоврие заедно со белото чоколадо.

Во млекото кое се вари додајте го густинот измешан со млеко, па мешајте постојано додека не добиете крем.

Тргнете од оган и кога ќе се олади додадете 250g маргарин претходно изматен со шеќерот во прав.

Печениот пандишпан пресечете го на половина. Едната половина премачкајте ја со направениот фил од бело чоколадо, па покријте со другата половина.

Прелијте со глазура направена од 2-те темни чоколади за готвење, 4 лажици млеко, 4 лажици шеќер и 150g маргарин.

Тортата ставете ја во фрижидер најмалку 1 час пред да ја сечете и послужите.

Би можело да ве интересира:

Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Најлесниот чоколаден колач – го правам секојпат кога имам ненајавени гости Неодамна пребарував десерти без јајца и наидов на чоколаден колач со необично им...
Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Црнобел колач со прелив од чоколадо и лешници - десерт за сечиј вкус За сите љубители на колачи без филови, овој црнобел колач со чоколаден прелив е ...

Најчитани неделава