Послужете: Солено мезе во форма на елка

Ако планирате да правите новогодишна забава во вашиот дом за вас и најблиските, не значи дека треба да поминете небројни часови во кујната и да приготвувате некои екстремно сложени рецепти.

praznicno-meze-vo-forma-na-elka-01.jpeg

Можете да направите едноставни мезиња кои сепак малку ќе се разликуваат од секојдневните - декорирани како новогодишни елки.

praznicno-meze-vo-forma-na-elka1.jpeg

Одберете зеленчуци и кашкавали кои комбинирани заедно ќе креираат уникатна елка...

Потребни состојки (за едно дрво):

  • Стиропор со димензии 7х18
  • Едно пакување чепкалки
  • Модла во форма на ѕвезда
  • 450g кашкавал исечкан на коцки дел, дел на подебели парчиња за декорација
  • 450g шери домати
  • 1 краставица исечкана на коцки
  • 1 главица карфиол, на мали парчиња


Подготовка:

Од парчињата кашкавал направете ѕвезди.

praznicno-meze-vo-forma-na-elka-2.jpeg

Останатото е едноставно – краставиците, доматите, карфиолот и кашкавалот ги боцкате со чепкалка и ги редите на стиропорот кој претходно сте го покриле со пластична фолија. Ѕвездите од кашкавал ги ставате на крај.

praznicno-meze-vo-forma-na-elka-4.jpeg

Декорирајте со рузмарин по желба.

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Црнобел колач со прелив од чоколадо и лешници - десерт за сечиј вкус За сите љубители на колачи без филови, овој црнобел колач со чоколаден прелив е ...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...

Најчитани неделава