Зимска кремаста салата во облик на шишарки

Празничната трпеза - еден од највкусните симболи на празникот, а зимските салати се нејзиниот најголем украс.

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-01.jpg

Нема домаќин кој не сака да ги изненади гостите со некој нов, иновативен рецепт како овој - салата во облик на шишарки.

Состојки кои ќе ви бидат потребни:

  • 300g крем сирење
  • 50g oреви
  • 200g варено пилешко
  • 20-30g копар
  • 50g мајонез
  • 1 чешне лук
  • Сол по вкус
  • 200g бадеми за декорација

Подготовка:

Во крем сирењето додајте ги ситно сечканиот копар и лукот, додадете мајонез и изматете со миксер или во блендер.

Ситно сечканите ореви и свареното пилешко исечкано на ситни парчиња додајте ги во смесата. Посолете по вкус.

Салатата сервирајте ја во форма на елипса која ќе ја декорирате со бадеми како на сликите. Можете да искористите и цели гранки копар.

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-02.jpg

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-03.jpg

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-04.jpg

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Меки мафини со тиквичка - брз рецепт за кога ќе ви се најават гости Постојат неколку различни начини да се подготват мафини, но рецептот за тесто со...
Погача што се топи во уста - совршен рецепт за празничната трпеза До дочекот на Новата година не останува уште многу време. А ако уште од сега го ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Традиционален рецепт за гулаш на кој никој нема да одолее Гулашот традиционално се прави со јунешко месо и многу кромид, а во комбинација ...
Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...

Најчитани неделава