Кога ви треба брз ручек: Макарони со растопен кашкавал и кулен

Вкусот на пицата и макароните потопени во сочен сос од различни кашкавали - комбинирате различни вкусови, но она што го добивате се вашите омилени вкусови на едно место.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-01.jpg

Доматен сос, кулен, топен кашкавал и многу јаглехидрати од макарони, веројатно ќе се согласите дека звучи одлично.

Па како можете да го направите овој рецепт?

Потребни состојки:

  • 2 лажици масло (сончогледово или маслиново по желба)
  • 1 мал сечкан кромид
  • 2 лажици брашно
  • 2 шолји млеко
  • 2 шолји рендан кашкавал
  • 1 лажица сушено оригано
  • 150g кулен
  • 500ml доматен сос
  • 1 пакување макарони


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во еден сад ставете ги макароните да се варат во зовриена вода.

Во сад загрејте го маслото, додадете го сечканиот кромид и мешајте додека не се запржи кромидот (отприлика 5 до 7 минути). Додадете го брашното, промешајте додека не добиете компактна смеса и потоа полека додавајте го млекото.

Мешајте постојано, додека не исчезнат грутките од брашното.

Додадете 1 ½ шолја кашкавал, оригано и кулен. Мешајте додека кашкавалот не се растопи целосно. Додадете го доматниот сос и претходно сварените макарони.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-1.jpg

Префрлете ги макароните со сосот во една поголема тава или четири помали керамички чинии.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-2.jpg

На секоја од нив додадете го преостанатиот кашкавал и ставете ги да се печат во рерна додека кашкавалот не се растопи и не добие златно жолта боја.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-3.jpg

Послужете додека е топло.

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-4.jpg

recept-na-denot-makaroni-so-rastopen-kashkaval-i-kulen-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Ангела (25) од Кочани: Рецепт за баклава со чоколаден фил и ореви 25-годишната Ангела од Кочани сподели рецепт за нејзиното височество, баклава, к...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Рецепт за кох, најслаткиот десерт кој ни го правеа бабите и мајките Се сеќавате ли на кохот кој ви го правеле мајките или бабите? Колачот потопен во...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...

Најчитани неделава