Без печење: Овошен Чизкејк

Прекрасен чизкејк кој ќе ги извлече најубавите бои од боровинките и најубавиот вкус кој долго ќе го паметите.

Cheesecake-od-borovinki-koj-ne-se-pece-i-izgleda-prekrasno-01

Нема кој не сака чизкејк, едноставно слатко задоволство кое изгледа совршено и воопшто не е тешко да го направите.

Со овој едноставен рецепт ќе научите како да направите чизкејк со боровинки за кој воопшто не е потребно печење.

Потребни состојки:

  • 230g крем сирење, омекнато на собна температура
  • 1/2 чаша неутрален јогурт
  • 1/2 чаша неутрална слатка павлака
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица желатин во прав
  • 1 чаша замрзнати боровинки
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 2/3 лажица желатин во прав
  • 85g искршени бисквити
  • 3 лажици путер, стопен
  • 10 свежи боровинки (за декорација, не се задолжителни)


Подготовка:

1. Во сад ставете ги замрзнатите боровинки, 3 лажици шеќер и 2 лажици сок од лимон. Ставете ги во микробранова 2 минути. Додадете 2/3 лажица желатин во прав и добро промешајте. Оставете ја настрана подготвената смеса.

2. Во друг сад измешајте го омекнатото крем сирење, неутралниот јогурт и половината од слатката павлака, 3 лажици шеќер и 2 лажици сок од лимон. Мешајте додека добиете хомогена смеса.

3. Загрејте ја преостанатата слатка павлака до точка пред вриење. Додадете 1 лажица желатин во прав за да се згусне. Додадете го ова во смесата со крем сирење и добро измешајте.

4.  Поделете ја смесата на три еднакви делови. Додадете ги сите боровинки и половина од течноста во едниот дел, преостанатата течност во вториот а третиот оставете го бел.

5. Искршете ги бисквитите и додадете им го омекнатиот путер и убаво измешајте. Добиената смеса распоредете ја во калапот за торта и почнете со редење на слоевите почнувајќи од најтемниот. Оставете ја во фрижидер 2-3 часа. На крајот декорирајте со свежи боровинки и шеќерен цвет.

cheesecake-od-borovinki-koj-ne-se-pece-i-izgleda-prekrasno-1.png

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Најлесниот рецепт за домашен леб без месење Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецеп...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Меки мафини со тиквичка - брз рецепт за кога ќе ви се најават гости Постојат неколку различни начини да се подготват мафини, но рецептот за тесто со...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...

Најчитани неделава