Мезе кое сите ќе го обожаваат: Ролнички со сланина и топен кашкавал

Сланината е тајната состојка која секогаш придонесува за извонреден вкус на секое јадење...

Mini-rolni-so-slanina-i-kaskaval-01

Уште кога на тоа ќе додадете кашкавал и мешавина кисела павлака и копар знаете дека ја имате вистинската комбинација.

Состојки:

  • Лиснато тесто
  • Кисела павлака
  • Копар
  • Сланина
  • Кашкавал
  • Млад кромид
  • Сол
  • Бибер
  • Жолчка од јајце

Начин на подготовка:

Во киселата павлака додадете го копарот и убаво измешајте.

Размачкајте ја павлаката врз лиснатото тесто и додадете сол и бибер. Потоа додадете ја сечканата сланина, ренданиот кашкавал и младиот кромид.

Свиткајте го тестото во ролна и исечете го на парчиња со ширина од околу 2 cm.

Наредете ги на плех за печење и премачкајте ги со изматкана жолчка.

Печете 20 минути на температура од 180°C.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Во кујна со Зорка Јанчева - Рецепт за домашни грклани, десерт што ќе ве освои на прв залак Иако можеби и нема голема разлика помеѓу гркланите купени во продавница и оние ш...
Во кујна со Зорица: Рецепт за совршен велигденски милиброд (козињак) „Козињакот е еден од оние рецепти што неизбежно се подготвува во нашиот дом за В...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...

Најчитани неделава