Во кујна со Зорица: Рецепт за совршен велигденски милиброд (козињак)

 „Козињакот е еден од оние рецепти што неизбежно се подготвува во нашиот дом за Велигден. Речиси секоја година го правам со многу љубов“ - вели за CRNOBELO.com Зорица од Берово и споделува целосен рецепт за милиброд, но открива и трик за да ви излезе совршен. 

vo-kujna-so-zorica-recept-za-sovrshen-veligdenski-milibrod-kozinjak-01.jpg

Зорица Цонкинска, по потекло од село Митрашинци, Берово веќе 12 години живее во Германија со сопругот и е мајка на 3 деца.

Таа е вљубеник во готвењето, а посебно ги сака традиционалните рецепти, заради вкусовите и обичаите со кои е порасната и сака да им ги пренесе на своите деца иако живеат далеку од татковината. 

На социјалните мрежи Зорица редовно објавува рецепти, а овој пат за CRNOBELO.com го сподели и рецептот за велигденски милиброд, или козињак, како што многумина го нарекуваат. 

vo-kujna-so-zorica-recept-za-sovrshen-veligdenski-milibrod-kozinjak-11.jpg

„Козињакот е еден од оние рецепти што неизбежно се подготвува во нашиот дом за Велигден. Речиси секоја година го правам со многу љубов, бидејќи за мене тој не е само десерт, туку и дел од семејната традиција и празничната атмосфера.

Еден мал трик што би го споделила со читателите е тестото за козињакот да се меси трпеливо и да се остави доволно време да стасува на топло место.

Колку подолго стасува тестото, толку козињакот ќе биде помек, повоздушест и со повеќе убави конци внатре“ - вели Зорица за CRNOBELO.com. 

vo-kujna-so-zorica-recept-za-sovrshen-veligdenski-milibrod-kozinjak-05.jpg

Потребни состојки:

  • 40g свеж квасец
  • 170g шеќер
  • Малку сол
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • Една кора од портокал
  • 80g маргарин
  • 4 лажици масло
  • 3 јајца
  • 120ml млеко
  • Околу 600g брашно
  • Жолчка со 2 лажици млеко за премачкување

Начин на подготовка:

  • Со 50 мл млако млеко се зафаќа квасецот со малку шеќер и брашно. Се остава да се активира.
  • Настрана се топи шеќерот со преостанатото млако млеко заедно со маргаринот и ванилиниот шеќер.
  • Активираниот квасец се става во сад, се додава изладеното млеко со шеќерот и маргаринот, му се додава и маслото, претходно изматените јајца и полека се додава брашното. Јас прво ги матев со миксер со маталките за тесто, а потоа со рака.
  • Се ренда и кора од портокал. Тестото треба да се меси подолго време – на тој начин ќе стане поеластично и ќе има повеќе конци.
  • Се покрива со фолија и со кујнска крпа и се остава на топло место 2–3 часа (може и повеќе, уште поубаво).
  • Откако ќе стаса, се премесува уште еднаш со намрсени раце. Повторно се покрива и се остава да стаса 1–2 часа.
  • Откако стасало тестото, уште еднаш се става на намрсена површина и се дели на 6 еднакви дела, но не се премесува.
  • Се сукаат ленти за плетенка со намрсени раце, но нежно, не се притиска многу.
  • Може да се стави киснето суво грозје, брусница или било што по ваша желба.
  • Се ставаат плетенките во намрсен калап и се оставаат да киснат повторно.
  • Се премачкуваат со жолчка и млеко и се печат во загреана рерна на 160°C околу 30 минути. Не смее да се препече, бидејќи козињакот ќе биде сув.
  • Правила за козињак богат со конци: киснењето е многу битно – мора да се кисне подолго време бидејќи содржи поголема количина шеќер.

vo-kujna-so-zorica-recept-za-sovrshen-veligdenski-milibrod-kozinjak.jpg

 

vo-kujna-so-zorica-recept-za-sovrshen-veligdenski-milibrod-kozinjak-04.jpg

vo-kujna-so-zorica-recept-za-sovrshen-veligdenski-milibrod-kozinjak-02.jpg

vo-kujna-so-zorica-recept-za-sovrshen-veligdenski-milibrod-kozinjak-03.jpg

Ако и вие сте љубител на готвењето и сакате да споделите рецепт со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...

Најчитани неделава