Посен ручек готов за 25 минути: Филети од Ослич со зеленчук

Голема е веројатноста дека оваа недела сте се одлучиле за краток предвелигденски пост, па ако немате идеја што набрзина да зготвите за брза, но и вкусна вечера, постои една интересна можност...

posen-rucek-gotov-za-25-minuti-fileti-od-oslikj-so-zelencuk-01.jpg

Ако немате идеја што да зготвите, ние имаме предлог за вечера која ќе ви биде готова за помалку од 25 минути:

Потребни состојки:

  • Пакување замрзнат зеленчук по избор
  • 4 – 5 големи свежи шампињони
  • Малку масло
  • Малку зачин за посолување
  • Смрзнат ослич (количината ја одредувате според моменталната потреба)

Подготовка:

Во еден сад за готвење ставете го замрзнатиот зеленчук, прелијте го со шолја вода, поклопете го и оставете го да се динста на рингла која е вклучена на највисока температура. За тоа време, измијте ги шампињоните, исечкајте ги на крупни парчиња и додадете ги во садот.

Во друг сад, на масло, пржете ги филетите ослич. Ако рибата сè уште е замрзната, а ви се брза, ставете ја замрзната во садот за готвење. Водата ќе се растопи и дополнително ќе ја зготви рибата. Оставете ја и неа да се динста.

По 20 минути зеленчукот веќе треба да е целосно готов, па можете слободно да го тргнете од ринглата. Само посолете го со зачин.

Ви преостанува рибата. Ако во садот сè уште има многу вода, истурете ја течноста, додадете уште малку масло и продолжете со пржење. Посолете ја по желба и не се грижете ако почне да се распраѓа.

Кога сè заедно ќе ставите во чинијата ќе изгледа убаво, а и ќе имате комплетен посен оброк кој можете да го послужите како ручек или вечера.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава