Велигденско изненадување: Чизкејк во лушпи од јајца

Имаме еден супер предлог - после велигденскиот ручек, кога сите ќе мислат дека немаат веќе простор во стомакот, изнесете и послужете ги овие јајца како десерт.

veligdensko-iznenaduvanje-cizkejk-vo-luspi-od-jajca-01.jpg

За момент, застанете и гледајте ги реакциите на гостите и домашните.

Потоа замолете ги да земат лажичка и да уживаат во нив, затоа што ништо не е така како што изгледа.

За да го подготвите ова слатко изненадување потребни ви се следните состојки:

Сочувајте 16 лушпи од сварени јајца, барем до половина да се цели. Измијте ги внимателно.

За жолчките:

  • Џем со средна густина и портокалова боја, на пример кајсија.

Ако џемот е премногу густ, разредете го со млеко или вода, а ако е редок, згуснете го со варење.

За белките:

  • 400g крем сирење
  • 250g кисела павлака
  • 120g шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажичка сок од лимон

Подготовка:

Сите состојки за белките измешајте ги со миксер, да нема грутки. Потоа полнете ги лушпите, оставајќи малку простор во средината, во која треба да дојдат жолчките.

Мармаладот од кајсии ставете го со мала лажичка или со готварски шприц во средината на јајцето.

veligdensko-iznenaduvanje-cizkejk-vo-luspi-od-jajca-02.jpg

Разладете пред да послужите и гледајте ги воодушевените лица.

veligdensko-iznenaduvanje-cizkejk-vo-luspi-od-jajca-03.jpg

veligdensko-iznenaduvanje-cizkejk-vo-luspi-od-jajca-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава