Вкусни сендвичи за кои не ви е потребен леб

Сите оние кои држат диети и внимаваат на својата исхрана знаат дека лебот е една од состојките кои треба да се избегнуваат доколку сакате да намалите некој килограм.

Vkusni-sendvici-za-koi-ne-vi-e-potreben-leb-00

Секако на оваа листа се наоѓаат сите сендвичи, бидејќи во основа содржат леб.

Сепак следните рецепти ќе ви покажат дека слободно можете да продолжите да ги јадете омилените сендвичи така што лебот ќе го замените со нешто сосема друго, кое ќе помогне да ги внесете витамините и минералите кои му се потребни на организмот.

Лосос и марула

Овој оброк не само што ќе ви помогне да ги внесете важните омега-3 масни киселини во организмот, туку и ќе ве држи сити без да почувствувате потреба за нова храна само 1 час после оброкот.

Vkusni-sendvici-za-koi-ne-vi-e-potreben-leb-01.jpg

Сендвич од пиперка

Пиперката е основата за сендвичот помеѓу која можете да направите комбинација од различни состојки. Пробајте ја нашата верзија – кашкавал, спанаќ и авокадо.

Vkusni-sendvici-za-koi-ne-vi-e-potreben-leb-02.jpg

Модар патлиџан на скара

Ставете го модриот патлиџан на скара и откако ќе се испече комбинирајте го со сè она кое ви се допаѓа. Наш предлог – домати, печурки, кромид и марула.

Vkusni-sendvici-za-koi-ne-vi-e-potreben-leb-03.jpg

Хамбургер со домати

Исечете го доматот на пола и на средина наредете ги саканите состојки. Боцнете го со стапче за ражнич за состојките да не можат да ви се лизнат и „избегаат“.

Vkusni-sendvici-za-koi-ne-vi-e-potreben-leb-04.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за домашна посна паштета – за деновите кога сакате да намачкате намаз на леб Ако постите, а имате потреба од вкусен намаз за леб, кој ќе ви се најде во кое б...
Чорба со тортелини, домати и спанаќ - вкусно предјадење од кое ќе барате чинија плус Тортелините за многумина се асоцијација за комплетен оброк. Но, ако ги искомбини...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...

Најчитани неделава