Готови за 10 минути: Чоколадни бомбици со вкус на Фереро Роше

Лесен чоколаден десерт за сите оние кои се зависни од чоколадо и Нутела. Овој десерт е одличен за деновите кога ви се јаде нешто благо, а немате многу време или желба да останете со часови во кујната.

Cokoladen-desert-od-4_sostojki-koj-ne-treba-da-se-pece-001.jpg

Ако не го сметаме времето за ладење, доволни ви се 10 минути во кујна и вашиот десерт веќе е готов.

Потребни состојки:

  • 14 мелени бисквити
  • 25 g експандиран ориз
  • 200 g Нутела
  • 200 g млечно чоколадо за готвење
  • 25 g путер

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги или изблендирајте ги бисквитите и ставете ги во подлабок сад.

2. Додадете го експандираниот ориз и Нутелата и убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.

3. Од смесата направете топчести форми кои ќе ги наредите на хартија за печење.

4. Добиените топчиња ставете ги во фрижидер да се изладат 1 час.

5. Ставете го чоколадото во микробранова на два пати по 30 секунди. На крајот додадете го путерот и убаво измешајте.

6. Секое топче потопете во чоколадо и оставете да се изладат еден час.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава