Брз, сочен ручек: Препечен тост со сланина

Ако веќе ви се здосади од традиционалниот тост кој можеби го јадете секое утро, време е за нешто ново.

Neobicen-tost-so-jajce-i-kaskaval-obvitkan-vo-slanina-01

Овој рецепт ќе ви покаже како обичниот тост да го претворите во вистинско уживање.

Погледнете го видеото и можеби веднаш ќе се упатите кон кујната...

Потребни состојки:

  • 2 парчиња леб
  • 25g сос со месо
  • 20g рендан кашкавал
  • Бибер
  • 10 парчиња сланина
  • Рузмарин
  • 1 ровко варено јајце
  • Зелена салата (млад спанаќ, марула, кељ)

Подготовка:

1. Израмнете го лебот со помош на лажица и нанесете го сосот со месо на двете парчиња.

2. Додадете ги листовите зелена салата, јајцето и ренданиот кашкавал на едното парче и преклопете со другото.

3. Замотајте го целосно со парчињата сланина и пржете го во тава по 2 минути од секоја страна. Прекријте го садот и пржете уште 6 минути.

4. На крајот наросете бибер и украсете со рузмарин.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...

Најчитани неделава