Брза зимница: Сушени домати во маслиново масло

Доколку подготовката на класична зимница ви претставува огромен напор, а сепак сакате да стокмите неколку тегли и да се почувствувате домаќински, ви нудиме лесен рецепт – зачинети сушени домати во маслиново масло.

Aromaticni-susheni-domati-vo-maslinovo-maslo-01.jpg

Доматчињата ќе ви се најдат врз пица, брускети или со тестенини. Совршено одат и во комбинација со фета сирење или моцарела, како и во сендвичи.

Aromaticni-susheni-domati-vo-maslinovo-maslo-02.jpg

Потребни состојки за тегла од 250ml:

  • 15-20 шери домати
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица мајчина душица (или оригано)
  • 1 лажица рузмарин
  • 3 лажици + дополнителни 200ml маслиново масло
  • 1 лажица шеќер
  • Малку сол

Подготовка:

1. Измијте ги доматите и пресечете ги на половина.

2. Наместете ги доматите врз хартија за печење во плех со исечената страна нагоре. Попрскајте ги со 3 лажици маслиново масло, додадете шеќер, сол, мајчина душица и рузмарин.

3. Загрејте ја рерната на 100 степени и сушете ги доматите 4-6 часа. Имајте предвид дека времето на сушење и температурата може да варираат во зависност од моќноста на вашата рерна и големината на доматите.

4. Во чиста и стерилизирана тегла истурете 200ml маслиново масло. Додатете уште малку од зачините (оригано, мајчина душица, рузмарин) и лукчињата. Додадете ги сушените домати.

Откако добро ќе се олади, чувајте ја теглата во фрижидерот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Чорба со тортелини, домати и спанаќ - вкусно предјадење од кое ќе барате чинија плус Тортелините за многумина се асоцијација за комплетен оброк. Но, ако ги искомбини...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...

Најчитани неделава