Вкусно малиџано, по рецептот на баба

Овој рецепт се пренесува од колено на колено, од нашите баби, прабаби... Со сигурност е стар преку 20 години, ама е толку вкусен, што останува да се пренесува како добар домаќински рецепт.

po-receptot-na-baba-malidzano-01.jpg

Некои го нарекуваат зелен ајвар, некои зелен пинџур, а некои, малиџано.

Не е важно како го нарекуваат, важно е дека е премногу вкусен.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

  • 4kg модар патлиџан
  • 4kg меснати зелени пиперки за печење
  • 1l сончогледово масло
  • 150 - 200ml вински оцет
  • 200g шеќер
  • 150g сенф
  • Сол по желба

Подготовка:

Испечете ги модрите патлиџани и пиперките.

Оставете ги да се оладат, а потоа излупете ги и пиперките исчистете ги од семките.

Сомелете ги во машина за мелење месо.

Ставете го маслото да се загрее, а потоа додадете ги и сомелените пиперки и модри патлиџани.

Пржете ги околу час и половина.

На крајот од пржењето додадете ги оцетот, сенфот, солта и шеќерот.

Во зависност од вкусот додавајте го оцетот, некои сакаат рецептот да биде повеќе кисел, а други помалку.

Изборот е ваш.

Смесата додека е уште врела, полека додавајте ја во врели тегли и складирајте ги за во зима.

po-receptot-na-baba-malidzano-1.jpg

Кога го послужувате на леб, можете да додадете во него и ореви и малку ситно сечкан магдонос за декорација.

po-receptot-na-baba-malidzano-3.jpg

На здравје!

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава