Викенд ручек: Пилешки прстени

Најубавите јадења се секогаш оние подготвени со многу љубов и внимание.

Pileski-rsteni-cija-podgotovka-e-tolku-ednostavna-sto-i-vaite-deca-moze-da-gi-napravat-01

Па, уште ако во нивната подготовка учествува целото семејство, тогаш веројатно тие ќе бидат нешто за кое ќе се раскажува долго време.

Сите знаеме дека децата сакаат да си играат со тесто, па токму затоа овој рецепт е одличен начин и најмалите да ги вклучите во готвењето.

Потребни состојки:

За прстени

  • 2 ½ чаши варено пилешко
  • 1 чаша кромид
  • 1 чаша барбикју сос
  • 1 чаша моцарела
  • готово тесто за кифлички или лиснато тесто
  • ранч сос

За ранч сос

  • 1 чешне лук
  • ¼ лажичка сол
  • 1 чаша мајонез
  • ½ чаша кисела павлака
  • ¼ чаша магдонос
  • 2 лажици копар
  • 1 лажица млад кромид
  • 1 лажичка Ворчестер сос
  • ½ лажичка бибер
  • ½ лажичка оцет
  • ¼ лажичка црвен пипер
  • 1/8 лажичка буковец
  • Малку лут сос
  • 1/4 или 1/2 чаша полномасно млеко (по потреба за саканата густина)

Подготовка:

Ранч сосот подгответе го така што ќе ги измешате сите состојки и на крај ќе додадете полномасно млеко за да тие да се соединат и да ја добиете саканата густина.

Pileski-rsteni-cija-podgotovka-e-tolku-ednostavna-sto-i-vaite-deca-moze-da-gi-napravat-02

Во поголем сак измешајте ги пилешкото, кромидот и барбикју сосот. Земете помала чинија и наполнете ја со моцарела, ставајќи ја средината од плехот каде веќе сте го поставиле тестото. Тестото исечете го триаголници така што на секој триаголник ќе ставите сирење, лажица барбукју сос и од сместа со пилешко. Најгоре повторно додадете моцарела. Замотајте ги краевите и печете околу 25 минути.

Pileski-rsteni-cija-podgotovka-e-tolku-ednostavna-sto-i-vaite-deca-moze-da-gi-napravat-03

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за меки, шарени земички - идеални за појадок или вечера Можете да ги јадете само така, или да ги користите за сендвичи - што и да решите...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава