4 вкусни работи кои можете да ги направите со какао

Какаото е тајната состојка на секој чоколаден рецепт. Може да ставете квалитетни чоколади и додатоци, но ако не ја засилите аромата со лажица какао - рецептот не е совршен.

4-vkusni-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-so-kakao-001.jpg

Затоа, ви нудиме 4 фантастични рецепти со какао кои се прават брзо и лесно.

Тартуфи од какао

Потребни состојки:

  • Околу 500ml фростинг, (кој се подготвува од шеќер во прав и путер кои се мешаат со миксер. Се додава малку ванила и 1 лажица млеко. Се меша 3-4 минути за да се измазни.)
  • 2 шолји изрендано или ситно кршено млечно чоколадо
  • 2 лажици какао

Прво направете го фростингот, па додадете го топеното чоколадо со какаото. Измешајте и замрзнете во тава со средна големина. Вадете и обликувајте топчиња кои ќе ги извалкате во какао.

4-vkusni-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-so-kakao-1.jpg

Сладок сос за колачи од какао

Потребни состојки:

  • 250g маскарпоне
  • 2-3 лажици неутрална павлака
  • 1 шолја засладено чоколадо во прав
  • 1 лажица какао
  • 1 белка, изматена

Измешајте го крем сирењето со павлаката и изматената белка додека не добиете густа смеса. Топлото чоколадо во прав и какаото разредете ги со неколку капки топла вода и додадете ги во смесата. Послужете со овошје или кекси.

4-vkusni-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-so-kakao-2.jpg

Инстант топло чоколадо во чашка

Потребни состојки:

  • 1 шолја стопено чоколадо
  • Какао
  • Новогодишни лижавчиња
  • Изматена хопла

Стопете го чоколадото и додадете му неколку лажички какао. Распоредете го во неколку хартиени, мали чашки. Ставете ги новогодишните стапчиња-лижавчиња и оладете неколку минути. Потоа врз чоколадото ставете изматена хопла, засладена. Замрзнете 1 час. Внимателно искинете ги хартиените чашки и инстант слатките растворете ги во шолја млеко.

4-vkusni-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-so-kakao-3.jpg

Француски тост со какао

Потребни состојки:

  • Милиброд кој убаво се сече
  • 1 шолја какао
  • ½ шолја шеќер во прав
  • Млеко
  • Путер
  • 2 јајца

Исечете го милибродот на парчиња и премачкајте го со растворена смеса од какао, шеќер во прав и малку млеко. Направете благи сендвичи. Изматете ги јајцата со половина шолја млеко, малку путер и 1-2 лажици какао. Сендвичите мацнете ги во смесата и пржете како обични пржени лепчиња. Сервирајте со чоколаден прелив, шлаг и јаткасти плодови.

4-vkusni-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-so-kakao-4.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...

Најчитани неделава