Мезе за празничните собири: Солена новогодишна елка

Новогодишната елка е несомнено нешто кое без кое не може да се замисли ниту еден дом.

Vkusna-novogodisna-elka-01.jpg

Дали ќе се решите за традиционална зелена елка или за нешто поразлично, како на пример висечка елка, или елка направена од книги, останува на вас.

А, овој интересен рецепт ќе ви покаже како да направите елка од лиснато тесто, која покрај тоа што ќе биде одличен декор за празничната трпеза, ќе биде и многу вкусна за јадење.

Кога ви треба нешто брзо и вкусно за со пријателите или семејството:

Состојки:

  • лиснато тесто
  • спанаќ
  • сувомеснат производ по желба
  • кашкавал
  • шери домати

Начин на подготовка:

На лиснатото тесто нанесете го пропржениот спанаќ, додадете некој сувомеснат производ и коцки кашкавал.

Завиткајте го тестото во форма на ролат и исечете го на парчиња со дебелина од околу 1-1,5 cm.

Наредете ги во форма на елка и украсете ги со шери домати пресечени на половинки.

Печете на 190°C околу 30 минути.

На крај украсете со ѕвезда од кашкавал.

/" data-width="630" data-show-text="false">
/">
/">

L'idea perfetta per Natale! Vi basterà arrotolare la sfoglia in questo modo :D

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава