Ручек за почетници: Кремасти компири во рерна

Компирот можете да го подготвувате на безброј начини, да го комбинирате со различни состојки и секогаш да имате вкусен ручек.

Peceni-zimski-kompiri-so-suvo-meso-01

Можете само да го пресечете на пола, да додадете зачини и да го испечете или да го сварите и да направите со него вкусно пире кое ќе биде совршен прилог за ручекот со месо.

Но, ако сакате вкусни, меки и кремасти компири, тогаш овој рецепт за печени компири со крем супа и суво месо е вистинскиот избор за вас.

Состојки:

  • 700 g компири
  • 50 g маргарин или 2-3 лажици масло
  • 100 до 150 g сувомеснато по желба
  • 1 кромид
  • 1 кесичка супа од печурки
  • 8 dcl вода
  • 2 dcl млеко
  • сол

Начин на подготовка:

Измијте ги компирите и исечете ги на парчиња. Премачкајте го плехот во кој ќе ги печете, наредете ги компирите и ставете неколку парченца маргарин или малку масло врз нив.

Ставете го плехот во рерна и печете околу половина час на 200 °C додека не омекне, повремено мешајќи.

Додека компирите се печат, подгответе ја супата според упатството на кесичката.

Исечкајте ги кромидот и сувото месо посебно. Штом компирите омекнат, додадете го кромидот и половина од сувото месо.

Прелијте ги компирите со готовата супа и додадете го преостанатото месо.

Вратете ги во рерна и печете додека компирот сосема не омекне.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава