Рецепти за пилешко на 3 нови начини

Можеби едно од најтешките прашања кои секојдневно си ги поставуваме е „Што да се подготви за ручек/вечера?“.

3-novi-moznosti-za-vkusen-obrok-so-pilesko-01

Храната базирана на пилешко месо е едноставна и лесна за подготовка, но понекогаш добиваме желба да внесеме нешто ново и поразлично од веќе добро познатите оброци.

Следните три рецепти од различни делови од светот се одлична идеја за ново и поинакво гастрономско уживање во познатиот вкус.

1.  Зачинета мексиканска салата со пилешко и зеленчук

Состојки:

  • 4 мали парчиња пилешки гради
  • 1/2 црвена зелка
  • 1 зелена пиперка
  • 10 шери домати
  • 1/2 лимон
  • магдонос
  • 4 лажици масло
  • 1/2 лажичка кафеав шеќер
  • зачини по вкус (ким, црн пипер, црвен пипер, сол)
  • павлака
  • парче леб (по желба)

Начин на подготовка:

Намачкајте ги пилешките гради со масло и посипете ги зачините и шеќерот. Ставете го месото во фрижидер да се маринира најмалку 30 минути.

Исечете го пилешкото на коцки и пржете го на средна температура. Потоа додадете сок од половина лимон.

Исечкајте го зеленчукот на коцки и измешајте го со месото, додавајќи ја павлаката како декорација.

3-novi-moznosti-za-vkusen-obrok-so-pilesko-02

2. Пилешко на индиски начин и салата од авокадо

Состојки:

  • 500 g пилешки филети
  • марула
  • 2 авокада
  • 250 g леб
  • 1/2 црвен кромид
  • 1 лажица масло
  • 3 лажички ким
  • 1/2 лажица сок од лимон

Начин на подготовка:

Загрејте го маслото во голема тава на средна температура. Исечкајте го месото на коцки, посипете ким и пржете додека не добие златна боја.

Исечкајте го зеленчукот, авокадото и лебот на коцки.

Комбинирајте ги сите состојки во сад и прелијте ги со сок од лимон.

3-novi-moznosti-za-vkusen-obrok-so-pilesko-03

 3. Пилешка салата со пченка и ананас

Состојки:

  • 300 g пилешки филети
  • 2 јајца
  • 1 конзерва пченка
  • 380 g ананас од конзерва
  • 2 краставици
  • мајонез

Начин на подготовка:

Сварете ги пилешките филети и исечете ги на коцки.

Краставиците исечете ги на ленти, а ананасот на коцки. Јајцата сварете ги и исто така исечете ги на коцки.

Ставете ги сите состојки на чинија во слоеви, почнувајќи од пилешкото, па ананасот и краставицата, премачкувајќи го секој слој со мајонез.

Гарнирајте ја порцијата со сечкани јајца и пченка.  

3-novi-moznosti-za-vkusen-obrok-so-pilesko-04

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава