Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со вкус на јаготки: Алкохолна гранита

Популарната овошна гранита е леден пијалак во живи бои кој најчесто го консумираат децата. Но, безалкохолониот концепт може да се претвори во пијалак исклучиво за возрасни, со неколку алкохолни додатоци.

so-vkus-na-jagotki-granita-za-vozrasni-recept-2_copy.jpg

Во продолжение, ви ги откриваме потребните состојки и начинот на кој можете да го подготвите.

Потребни состојки:

  • 750 мл розе вино
  • 300 грама јагоди
  • 1 лажица шеќер
  • 50 мл вотка
  • 2 лажици Гренадин сируп

so-vkus-na-jagotki-granita-za-vozrasni-recept-1_copy.jpg

Начин на подготовка:

1. Сипете го виното во калап за правење лед, па оставете го да се замрзне во текот на ноќта.

2. Во блендер, измешајте ги добро јаготките и шеќерот, а потоа додадете ја вотката, Гренадин сирупот и ледените коцки од розе вино.

3. Налејте ја ледената течност во чаша и украсете со парчиња јаготки, или друго сезонско овошје, по сопствен вкус и желба.

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">How to Make Frosé

Frosé (aka "frozen rosé") is the most refreshing drink ever. via Real Simple Get the recipe: http://bit.ly/2aLTiJP

Posted by InStyle on Saturday, March 18, 2017

Совет: Доколку не ви се наоѓаат при рака свежи јаготки, кои допрва ќе почнат да се продаваат на пазарите, за подготовката на овој пијалак можете да искористите и замрзнато шумско овошје. Во тој случај, не го замрзнувајте виното.

На здравје!

so-vkus-na-jagotki-granita-za-vozrasni-recept-3_copy_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесен и вкусен ролат полнет со варени јајца (кои сигурно ви останале по Велигден) Се прави од готово лиснато тесто, а се полни со кашкавал, салама и варени јајца ...
Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Кои се придобивките од виралната „ретинол“ салата и како да ја направите? Виралнара ретинол салата е добра за кожата и покрај рецептот што е популарен, мо...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Домашни варени ѓевречиња по рецепт на стружанката Драгица Топли, крцкави, вкусни - кој може да им одолее на домашните варени ѓевречиња? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg