Мезе за мерак: Крцкав зачинет сладок компир со сос

Фотките покажуваат и повеќе од доволно. Екстра крцкавиот помфрит од сладок компир зачинет со свежа лимета и лукче е одлично мезе, без разлика дали ќе гледате ракомет, серија или за собирање со семејството дома без повод.

Meze-za-merak-Krckav-zacinet-sladok-kompir-so-sos-01.jpg

Што ви е потребно? (количината на состојките менувајте ја зависно од посакуваната количина на мезето)

  • 2 големи слатки компири
  • 5-6 сечкани чешниња лук
  • 2 лажици рендана кора од лимета
  • 5 + 2 лажици маслиново масло
  • 1 ½ лажичка морска сол
  • Сок од 1 цеден лимон
  • Свеж мелен црн бибер
  • Свеж магдонос

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Исечете ги слатките компири на долгнавести дебели парчиња. Поставете хартија за печење на тавчето, подредете ги компирите со доволно простор меѓу нив.
  • Додаете ги зачините, 5 лажици маслиновото масло и останатите состојки.
  • Печете ги околу 20 минути на 180°С загреана рерна, а потоа додадете уште 2 лажици маслиново масло врз нив.
  • Печете уште 70-тина минути. Вкупното печење на компирите изнесува околу 90 минути, во зависност од јачината на вашата рерна. Долгото печење на ниска температура ќе ги направи компирчињата крцкави однадвор, а меки одвнатре.
  • Во меѓувреме, направете го сосот. 

Потребни состојки за сос:

  • 1 шолја мајонез,
  • ½ шолја свеж магдонос,
  • ¼ шолја сок од лимон,
  • 3-4 големи чешниња лук,
  • 1 лажичка рендана кора од лимон,
  • ½ лажичка морска сол и бибер по вкус.

Сите состојки се мешаат во блендер додека смесата не стане мазна.

Уживајте во мезето со вашите најблиски.

Meze-za-merak-Krckav-zacinet-sladok-kompir-so-sos-03.jpg

Meze-za-merak-Krckav-zacinet-sladok-kompir-so-sos-04_copy.jpg

Meze-za-merak-Krckav-zacinet-sladok-kompir-so-sos-05.jpg

Meze-za-merak-Krckav-zacinet-sladok-kompir-so-sos-06.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...

Најчитани неделава