Чоколадна торта по шведски рецепт

Постојат безброј рецепти за подготовка на чоколадна торта и секоја од нив е вкусна на посебен начин, но нашиот денешен предлог рецепт за чоколадна торта е пред сите други останати рецепти.

cokoladna-torta-po-svedski-recept-001.jpg

Начинот на подготовка на оваа чоколадна торта е лесен, не одзема многу време и не бара некои посебни состојки, како што тоа знае да биде случај со останатите торти.

Вкусот на чоколадната торта е нешто посебно, нешто што плени уште со првиот залак, нешто што ќе ве натера да посегнете по уште едно парче.

Потребни состојки:

  • 1⅓ чаша шеќер
  • 2 јајца
  • ½ чаша брашно
  • ¼ чаша какао во прав
  • Малку сол
  • ½ чаша путер, стопен
  • 1 лажица ванила
  • путер
  • Какао во прав
  • Шеќер во прав
  • Бобинки (опционално)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C.

Во сад со средна големина, изматете ги шеќерот и јајцата додека смесата не добие бледо жолта боја.

Додајте ги брашното, какаото во прав и солта. Матете додека смесата не стане хомогена. Додајте ги путерот и ванилата и мешајте.

Премачкајте ја тавата со путер и посипете какао во прав. Истурете го тестото во тавата за печење.

Печете 20 минути, или додека се стврдне врвот на тортата. Средината треба да остане мека.

Посипете со шеќер во прав. Декорирајте со свежи јагоди.


Погледнето го видеото од целата постапка:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава