Вкусни идеи што да подготвите со омилениот кашкавал
Кашкавалот е една од омилените состојки во секој рецепт. Ги прави работите посолени, покремасти и им дава посебен шмек.

Некои го сакаат чист и свежо пресечен, некои растопен, а трети пак сакаат да им се тегне од тостот.
Колку и да сте љубители на кашкавалот, веруваме дека ќе најдете нов начин да уживате во омилениот вкус:
1. Испечете еден калап Бри или Камембер во тава, заедно со неколку брускети. Потоа мацкајте.

2. Ставете неколку парчиња тврд кашкавал на скара, а потоа ставете го на топло лепче премачкано со авокадо.

3. Во пирето од компири ставете мноооогу рендан кашкавал додека е топло и промешајте.

4. Изрендајте кашкавал на тава и мрсна хартија за печење, обликувајте крукчиња и печете додека не заруменат.

5. Испржете парче кашкавал во тава, со малку лимон.

6. Извалкајте неколку топчиња моцарела во јајце и презла, и потоа пржете неколку секунди од сите страни.

7. Ставете мек кашкавал во маслиново масло и зачини и оставете го да се маринира неколку часа/дена.

8. Испечете повторно Бри или Камембер, но овојпат прелијте го со мед, ореви и овошје по желба. Имате десерт од кашкавал!

9. Секогаш можете да ставите парче кашкавал директно на тостерот.

Би можело да ве интересира:
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...