Брз ручек „да излижеш прсти“ - Пилешко со чипс во тава

Лесно и вкусно, овој брз ручек ќе ги освои сите и со сигурност ќе го подготвите уште неколку пати за вашите најблиски и пријателите.

Pilesko-so-Doritos-vo-tava-01.jpg

Една порција содржи околу 640 калории, а со овој ручек ќе нагостите околу 8 лица.

Времето на подготовка е 15 минути, а вкупното време за готвење околу 50 минути.

Што ви е потребно?

  • Вашиот омилен пченкарен чипс (околу 280 g)
  • ¼ шолја стопен путер
  • 2 шолји рендан кашкавал (може да употребите мешан, чедар, кравји, согласно вкусот)
  • 1 шолја неутрална павлака за готвење
  • 3 шолји пилешко сецкано месо (најдобро е да употребите месо од пилешки копани или кокошка, но може да се стават и сецкани пилешки гради)
  • 1 конзерва сечкани домати во сос
  • Зачини по желба (сол, вегета, бибер, куркума, босилек, кумин итн.)

Чекори за подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C.

Измешајте го чипсот кој претходно сте го иситниле, односно искршиле на помали парченца со стопениот путер.

Во подмачкано правоаголно тавче истурете околу 4 шолји од смесата за да ја направите основата.

Pilesko-so-Doritos-vo-tava-02.jpg

Врз смесата посипете околу половина шолја од ренданиот кашкавал.

Во подлабок сад измешајте го сецканото пилешко месо заедно со павлаката, доматите од конзерва и зачините по желба. Додадете уште половина шолја од ренданиот кашкавал.

Истурете ја добро измешаната смеса врз чипсот.

Pilesko-so-Doritos-vo-tava-03.jpg

Печете околу 30 минути. Истурете го остатокот од ренданиот кашкавал и печете уште 5 минути додека целосно не се растопи.

Pilesko-so-Doritos-vo-tava-05.jpg

Вкусно, крцкаво, со многу растопен кашкавал кој се тегне, со еден збор, брз ручек за мерак.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава