Ручек за цело семејство: Рецепт за вкусна црвена леќа
Потребни состојки
- 1 чаша црвена леќa Сончева Долина
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 2 лажици масло за јадење
- 1,2л вода
- 1 супена лажица брашно
- 1 супена лажица салца од домати
Подготовка
Во тенџере ставаме масло за јадење и кромид и пржиме на тивок оган. Откако кромидот ќе добие златна боја, додаваме 1 лажица брашно, 1 лажица салца од домати и мешаме.
Потоа ја додаваме црвената леќа, морковот и повторно мешаме, малку да се пропржат.
Ја додаваме водата и вариме на тивок оган , додека морковот и леќата не омекнат. Зачинуваме по вкус со сол, мешан зачин и црн бибер.
На крај целата смеса ја матиме во блендер, додека не се добие кремава целина.
По вкус сервирајте со лимон.

Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...