Топ 3 омилени здрави рецепти на Стефанија Несторовска

Стефанија Несторовска е млада девојка која очигледно добро се грижи за своето здравје, но и за изгледот.

top-3-omileni-zdravi-recepti-od-stefanija-nestorovska-01.jpg

На нејзиниот Инстаграм профил, таа споделува фотки од храна која изгледа неодоливо, а сепак здраво.

Денот Стефанија го започнува со големо смути со здрави состојки, а за оброк за на работа, секогаш избира салата.

Доколку мислите дека е тешко истовремено да се храните здраво и со вкусна храна и покрај работните обврски, оваа девојка ќе ве разубеди во тоа.

Стефанија ги открива нејзините омилени рецепти за појадок, за оброк за на работа и за крај, задолжително десерт.

Инспирирајте се со нејзините рецепти и заследете го нејзиниот профил – сигурно ќе успее да ве мотивира да почнете повеќе да се грижите за себе, а да не си скратите од ниту едно задоволство.

Топ 3 омилени рецепти на Стефанија Несторовска:

Омилен рецепт за појадок

Без размислување - големо, екстра густо смути со некој крцкав топинг како гранола, јатки, кокосов чипс. Ако се одберат вистинските состојки – не само што ќе имате вкусен појадок – ќе имате и појадок кој што ве држи сити долго време, ќе ви ја даде енергијата што ви е потребна во текот на денот и ќе помогне во добро функционирање на целиот организам.

Една голема грешка што се прави е преполнување на смутито со овошје, без да се обрнува внимание на другите нутритивни вредности кои треба да се содржат.

Јас лично, шеќерот (без разлика во која форма доаѓа дали од овошје или засладувачи) го избегнувам колку што е можно повеќе и го заменувам со многу здрави масти.

Потребни состојки за оброк смути кое е со многу ниско ниво на шеќер, а висок процент на протеин и здрави масти:

  • 1 шолја карфиол на парчиња (претходно обарен за подобро да се дигестира и замрзнат)
  • ½ шолја замрзнати боровинки
  • 1 лажица протеин од ванила
  • 1 лажичка путер од бадеми
  • 1 лажичка кокос (претходно потпечен 1-2 мин)
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажичка ванила
  • 1 шолја млеко од бадем (или повеќе додека се добие посакуваната текстура)

Сите горенаведени состојки се блендираат и се проросува со додатоци по желба.

Инаку, карфиолот содржи многу здрави растителни влакна што всушност придонесува во одржување на ситост подолго време, а во меѓувреме го зголемува волуменот на смутито без додавање дополнителни овошја и воопшто не влијае на вкусот.

Омилен рецепт за оброк на работа

Тоа мора да биде оброк САЛАТА. Најчесто сè ми е однапред приготвено во еден ден во неделата, со тоа ми е полесно да создадам оброк без да ми одзема многу време, а во меѓувреме со различно комбинирање на веќе подготвените состојките имам различен оброк за секој ден.

Салата со пилешко, прокељ, варено јајце и гвакамоле е една од моите „go to“ оброци што многу често ги носам со себе на работа.

Печени пилешки гради - Се преливаат со масло, сол, бибер, црвена пиперка во прав и малку чили. Се ставаат во стаклен сад и се печат на 220 степени од 20-25 минути, зависно од дебелината на парчињата. Откако ќе се извадат од рерна, се покрива садот со фолија и се остава 10-тина минути.

Потпечен прокељ со балзамико - Најпрво се премива прокељот, се сечат краевите и се оставаат комплетно да се исушат пред да се печат. Овој процес помага за прокељот да биде крцкав кога ќе се испече. Се преливаат со маслиново масло, сол, бибер и балзамико. Се печат на 220 степени околу 20-тина минути и се преливаат со малку балзамико и мед)

Гвакамоле - 1 авокадо, неколку гранчиња ситно исечкан магдонос, пола ситно исечкан кромид, сол, бибер, малку чили и лимонов сок од пола лимон. Со виљушка се пасира авокадото, се додаваат сите останати состојки и се промешува додека не се соединат, а потоа се прелива со маслиново масло.

Во сад како база се става микс од зелена свежа салата и се додаваат сите горенаведени состојки, варено јајце и потпечени семки од тиква или сончоглед.

Омилен рецепт за десерт

Ова е тешко да се одговори со оглед на тоа што секој десерт е различен и вкусен на свој начин, но ако морам да бирам, тоа би било вегански чизкејк.

Еден од поомилените ми е Нутела чизкејк, што всушност е многу лесен и сè што треба за подготовка е блендер или сецко и следниве состојки:

Прв слој - база

  • 1 шолја индиски ореви
  • ½ шолја урми
  • 1 лажица путер од бадеми
  • 2 лажици какао во прав

Најпрво се блендираат индиските ореви. Се додаваат сите останати состојки. Смесата се втиснува во сад по избор со претходно поставена хартија за печење за лесно вадење на чизкејкот (препорачливо тава за печење колач или леб).

Се притиска на дното на тавата и се измазнува за да се добие рамна површина. Се остава во фрижидер да зацврсти додека во меѓувреме се подготвува филот за вториот слој.

Втор слој – чизкејк

  • 1 полна шолја + ½ шолја индиски ореви кои претходно се потопени во млака вода најмалку 2-3 часа
  • ½ шолја лешници
  • ½ шолја кокосово масло
  • ½ шолја јаворов сируп (или мед)
  • 3 лажици какао во прав

Најпрво се потпекуваат лешниците во загреана рерна од 200 степени околу 10-тина минути. Се оставаат да се оладат и се отстранува лушпата. Во блендер се блендираат лешниците, какаото и кокосовото масло додека не се добие смеса на путер.

Индиските ореви се одмиваат од претходно отстоената вода и заедно со останатите состојки се додаваат на претходната смеса во блендер. Се блендира додека не се добие кремаста густа и соединета смеса.

Се прелива врз базата и се остава во замрзнувач најмалку 2-3 часа односно додека не се зацврсти. Откако чизкејкот ќе се стврдне се сече на еднакви делови и се прелива со стопено црно чоколадо.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салата што заменува оброк, идеална за летните денови Брз рецепт за салата со модар патлиџан и домати која ќе ви замени оброк е вистин...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Рецепт за војнички грав – Во што е тајната на популарното јадење од поранешна Југославија? Наместо сувомеснат производ ќе треба да користите говедско месо исечкано на коцк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg