За празничните прослави: Како да послужите разновидна даска со сирења, идеална за со вино?
Во било кој дел од годината, а посебно во зима, нема подобра комбинација од вкусни сирења и кашкавали плус вино.

Па, ако сакате да се покажете да време на празничните прослави како модерен домаќин, ви предлагаме да дотерате една разновидна даска со сирења и додатоци.
Би требало да имате барем 3 различни видови на сирење – меко сирење, полутврдо и тврдо.

Додадете солени мезиња со различни вкусови и текстури. Тоа може да бидат јаткасти плодови и разни видови салами.

Не заборавајте да вметнете и слатки. Сушеното овошје одлично оди со вино.

Додадете крекери, соленки, брускети или потпечено француско лепче.

Вметнете сосови и намази.

Пополнете ги местата со свежо овошје.

Црпете идеи и комбинации од вкусови од галеријата во продолжение:
М. Д. | Црнобело