Ирвасите на Дедо Мраз - меки колачиња кои ќе ве освојат со вкусот и изгледот

Ретко кој сладок десерт е подеднакво вкусен во внатрешноста и неверојатно привлечен во поглед на надворешниот изглед.

Elenite-na-Dedo-Mraz-kolacinja-01.jpg

За елените на Дедо Мраз слободно може да ги штиклирате двете категории. Меки колачиња во облик на големи триаголници кои ќе го задоволат вашиот апетит за слатко и одлично одат со чај или млеко.

Да не зборуваме пак за нивната фотогеничност. Уверете се самите откако ќе ги направите и ќе ја збогатите вашата празнична трпеза:

Потребни состојки:

  • 2 лажички прашок за печиво
  • ½ лажичка сол
  • 250 gr сенаменско брашно
  • 120 g путер
  • 60 g масло
  • 300 gr мек кафеав шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1-2 лажици екстракт од ванила
  • 125 gr квалитетно црно, бело или млечно чоколадо (може и мешавина од сите три)

За декорација:

  • Бонбончиња во облик на очи
  • Црвени бонбони
  • Солени переци
  • Чоколаден крем

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 °C. Подгответе го кружното тавче за печење до дијаметар од 23 cm, со тоа што ќе го премачкате со масло и ќе ставите хартија за печење.

Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Оставете ги настрана.

Во друго тавче ставете го путерот со маслото да се стопат на средна температура. Додадете го кафеавиот шеќер и мешајте внимателно додека не се стопи целосно и не добиете карамелизирана смеса. (Не грижете се доколку шеќерот формира мали зрнца, бидејќи откако ќе ги додадете останатите состојки ќе ја врати својата течна форма).

Карамелизираната смеса префрлете ја во подлабок сад и оставете ја 25 минути да одмори.

Потоа, додадете ги двете матени јајца, како и екстрактот од ванила.

Просејте го брашното кое го подготвивте претходно во смесата и нежно промешајте, додека не добиете еднолична смеса.

Додадете ги парчињата сечкано чоколадо по вкус и истурете ја смесата во подготвеното намрсено тавче за печење.

Печете околу 30 минути. Колачот однадвор треба да биде крцкав, а мек во внатрешноста.

Оставете го 10-тина минути да се олади, а потоа исечете го на 8 триаголници.

Декорирајте со бонбончињата како во видеото, правејќи им очи, носиња и рогови на елените на Дедо Мраз, кои ќе ги залепите со помош на чоколаден крем.

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Reindeer Blondies

Sorry, Santa. We ate your reindeers. Tag someone who would LOVE these blondies!

Posted by Tastemade UK on Wednesday, December 13, 2017

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава