Рецепт за крцкава, вртена пита со паричка

Традиционално, на Василица сите ја чекаме „последната шанса“ да ни се падне паричката за да ни тргне годината.

recept-za-krckava-vrtena-pita-so-paricka-01.jpg

Потрагата по паричката обично се случува во пита, а оваа година таа пита нека биде крцкава, однатре мека и полна со солен фил.

recept-za-krckava-vrtena-pita-so-paricka-02.jpg

Потребни состојки за подготовка:

За филот:

  • 65 ml сончогледово масло
  • 100g сенаменско брашно
  • 400ml млеко
  • 65g павлака
  • 1 јајце
  • 200g фета сирење
  • 20g рендан тврд кашкавал

За питата:

  • 450g кори за пита
  • 60ml сончогледово масло за премачкување

Подготовка:

Во тава, на тивок оган ставете го маслото измешано со брашното за фил. Константно мешајте. Кога смесата ќе добие златеста боја, додајте го млекото постепено. Варете и мешајте додека не добиете кремаста смеса.

Тргнете од оган и оладете неколку минути. Додадете ги павлаката, јајцето, фета сирењето и ренданиот кашкавал.

Загрејте ја рерната на 210 степени. Подмачкајте една овална тава со малку масло.

Земете една кора и намачкајте ја со масло со помош на четка. Ставете фил на едниот раб, како на сликата, и потоа почнете да ја замотувате кората во ролна.

recept-za-krckava-vrtena-pita-so-paricka-06.jpg

Направените ролни редете ги во тавата, почнувајќи од крајот кон средината.

recept-za-krckava-vrtena-pita-so-paricka-07.jpg

Домачкајте со масло одозгора. Печете 10-тина минути на 210 степени. Потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 20-30 минути.

Проверете дали питата е готова со чепкалка за заби.

recept-za-krckava-vrtena-pita-so-paricka-05.jpg

recept-za-krckava-vrtena-pita-so-paricka-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава