Едноставен рецепт за домашно трилече

Вкусен десерт во кој ретко кој не ужива, а во последниве години е многу популарен.

ednostaven-recept-za-domashno-trileche-01.jpg

Слатко задоволство, кое за среќа на сите кои не толку вешти во кујната, освен што е превкусно, постојат и лесни рецепти за подготовка.

Па, ако и вие сте љубител на трилече, сега веќе не мора да го нарачувате.

Погледнете го рецептот и изненадете ги најблиските со лесен и неодолив колач.

Потребни состојки

За пандишпан:

  • 6 јајца
  • 100 g шеќер
  • 200 g брашно
  • Пола прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер

За прелип на пандишпанот:

  • 400 ml слатка павлака
  • 300 ml кондензирано млеко
  • 800 ml обично млеко

За премачкување:

  • 300 g карамел крем

Начин на подготовка:

Изматете ги белките и постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Кога добро ќе се измати смесата, додавајте една по една жолчка, измешајте, па полека додавајте брашно измешано со прашокот за пециво. 

Кога ќе го ставите и брашното, намалете го миксерот и полека промешајте.

Смесата истурете ја во плех на хартија за печење и печете околу 20-25 минути на 180⁰С. Потоа оставете пандишпанот малку да се излади, па извадете го од плехот и со нож избодете го на неколку места.

Во плех истурете слатка павлака, па врз неа ставете го пандишпанот свртен наопаку (тој дел што бил горе при печење, сега е доле).

Оставете да отстои 10-тина минути, па измешајте го млекото и кондензираното млеко и со тоа полијте го пандишпанот одозгора.

Оставете млекото да се впие, па на крај премачкајте со карамел кремот. Важно е карамел кремот да биде добар, бидејќи тој го дава вкусот на колачот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесен и вкусен колач со јагоди Колачот со јагоди и јогурт е најбрзиот и најлесниот што некогаш ќе го направите....
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Брз летен десерт: Кремаст Киндер мус од само 2 состојки, кој ќе го обожавате Ако ги сакате Киндер чоколадата, тогаш сигурно ќе уживате во вкусот на домашниот...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за брз ролат со банани и Нутела, кој им успева на сите Банани и Нутела – постои ли подобра комбинација за вкусен десерт? Банани и Ну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg