За сите кои постат - направете си домашни ишлери и други слатки посни задоволства

Ви изгледа дека постот нема крај? Сепак, останува уште помалку од 1 месец, а вие храбро издржавте досега.

4-posni-slatki-zadovolstva-01.jpg

Време е да се почестите со нешто убаво и слатко. Сите колачиња се прават неверојатно лесно и брзо, а се јадат уште побрзо.

Пронајдовме нешто за сечиј вкус – колачиња со бадем, посни домашни ишлери, кандирани бомбици со портокал или пак можеби сте љубител на смокви?

Што и да подготвите нема да зажалите, а нашиот совет е дупло да ја зголемите дозата:

Слатки колачиња од бадем

Потребно ви е:

  • 500 gr брашно
  • 375 gr маргарин
  • 250 gr мелени бадеми
  • 185 gr шеќер
  • 100 ml вода
  • Екстракт од бадем
  • Џем од кајсии

Начин на подготовка:

1. Изматете ги маргаринот и шеќерот. Додадете го брашното, мелените бадеми, малку екстракт од бадем и водата.

2. Замесете тесто, па со помош на сукало расукајте кора со дебелина од околу 0,5 cm.

3. Со помош на модла или помала чаша извадете кружни форми.

4. Со помала модла извадете мало крукче од средината на половина од формите. Премачкајте ги со вода.

5. Печете ги формите во загреана рерна на 180˚С околу 20 минути.

6. Спојте ги оладените тркалца со џем од кајсии како на фотката.

4-posni-slatki-zadovolstva (1).jpg

Кандирани бомбици со портокал арома

Потребно ви е:

  • 1 kg јаболка
  • 500 gr шеќер
  • За кандираната кора:
  • 3 портокали
  • 150 gr бел шеќер
  • 250 ml вода
  • 120 gr шеќер во прав

Начин на подготовка:

1. Излупете ги јаболката, а потоа изрендајте ги.

2. Помешајте ги со шеќерот и варете на средна температура додека смесата не се згусне.

3. Излупете ги портокалите и добро отстранете ги сите бели делови под кората.

4. Кората од портокалите исечкајте ја на резанки. Во подлабок сад додадете вода и шеќер па кога ќе зовријат додадете ги резанките портокал и мешајте додека водата целосно не испари.

5. На крајот, извадете ги резанките, извалкајте ги во шеќерот во прав и оставете да отстојат 3-4 минути.

6. Во оладената смеса од јаболка додадете ја кандираната кора од портокал и направете мали топчиња, односно бомбици.

7. Потоа добро извалкајте ги во белиот шеќер и оставете да се исушат додека не станат сјајни и мазни.

4-posni-slatki-zadovolstva (3).jpg

Посни смокварки

Потребно ви е:

  • 400 gr смокви
  • 250 gr кристален шеќер
  • 100 gr мелени ореви
  • Изрендана кора + сокот од 1 лимон
  • Уште 50 gr мелени ореви и
  • + 30 gr кристален бел шеќер

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги смоквите во машина за мелење месо (или блендер) и ставете ги во подлабок сад.

2. Додадете го шеќерот, мелените ореви, изренданата кора и сокот од лимон и добро измешајте со лажица.

3. Кога смесата добро ќе се соедини, продолжете да ја месите со рака.

4. По потреба додадете уште малку ореви, доколку смесата ви е малку течна.

5. За да не ви се лепи смесата на рацете, намокрете ги со вода и направете мали топчиња-бомбици.

6. Половината од нив извалкајте ги во кристален шеќер, а другата половина во мелени ореви.

7. Оставете ги на суво и ладно место додека не се исушат.

4-posni-slatki-zadovolstva (2).jpg

Домашни посни ишлери

Потребно ви е:

  • 180 gr маргарин
  • 100 gr шеќер во прав
  • 100 gr печени и мелени лешници
  • 200 gr брашно
  • Џем од кајсии

За глазурата:

  • 250 gr шеќер во прав
  • 100 gr посно чоколадо (за готвење)
  • ½ чаша вода
  • 1 лажица маргарин

Начин на подготовка:

1. Од горенаведените состојки замесете тесто и оставете го да отстои половина час во фрижидерот.

2. Расукајте го со дебелина од половина сантиметар и со помош на модла или чаша извадете кружни форми.

3. Испечете ги во загреана рерна на 180˚С околу 20 минути.

4. Откако добро ќе се оладат, залепете ги формите со помош на џемот од кајсии помеѓу нив.

5. На крајот, полијте ги со глазурата од чоколада.

*За најлесно правење на глазурата: ставете ги шеќерот и водата на оган и мешајте додека смесата не стане густа како шербет. Потоа додадете го ренданото чоколадо со постојано мешање, а на крајот и маргаринот и мешајте додека глазурата добро не се соедини, а потоа оставете ја да се олади малку, пред да ги полиете ишлерите.

4-posni-slatki-zadovolstva (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg