4 лесни солени рецепти идеални за време на пости

Немате повеќе идеја што да зготвите за време на велигденските пости? Потребно ви е салата, некое предјадење, лесна чорба или пак можеби малку побогат оброк?

4-soleni-recepti-idealni-za-vreme-na-posti-01.jpg

Време е за 4 едноставни, но вкусни рецепти со кои полесно ќе го дочекате крајот на постот:

Царска рибја чорба

Потребно ви е:

  • 1 kg свежа бела риба
  • 5-6 компири, излупени и исечкани на коцки
  • 2 моркови исечкани на тркалца
  • ½ шолја грашок
  • Кромид и магдонос
  • Сол, бибер, црвен пипер
  • Масло за јадење

Начин на подготовка:

1. Ситно исечканиот кромид се пропржува на масло. Се додава црвен пипер, се меша и се намалува температурата на огнот.

2. Веднаш потоа се додаваат парчињата исчистена риба. Не мешајте, туку само протресете го благо тенџерето, за да не се распадне целосно рибата.

3. Се додава поголема количина вода, а потоа и компирот, морковот и грашокот да се варат.

4. Се додаваат зачини по желба (сол, бибер, мешан зачин), а сосема пред крајот се додава ситно сечканиот свеж магдонос и лукче (по желба).

5. Се вари околу 30 минути, или додека компирот добро не омекне, а рибата не е веќе сварена.

4-soleni-recepti-idealni-za-vreme-na-posti (3).jpg

Чорба од праз

Потребно ви е:

  • 2 страка праз
  • 1 главица кромид
  • 300-400 gr компири
  • Сол, бибер, ловоров лист
  • Сок од ½ лимон
  • 1 лажица брашно

Начин на подготовка:

1. Во подлабок сад за готвење се загрева малку вода. Се додава ситно исечканиот праз и кромидот и се вари додека кромидот не омекне.

2. Се додава компирот исечкан на коцки со зачините и се прелева со 1 l вода.

3. Се вари околу 45-50 минути на средна температура.

4. Чорбата се трга од огнот и се додава една лажица брашно (добро измешана со малку вода) во неа. Се враќа да се провари уште 5 минути.

5. На крајот чорбата добро се зачинува со свеж лимонов сок.

4-soleni-recepti-idealni-za-vreme-na-posti (1).jpg

Салата од спанаќ, пченка и моркови

Потребно ви е:

  • 300 gr спанаќ
  • 200 gr слатка пченка од конзерва
  • 2 моркови
  • Сок од 2 лимони
  • Сол и маслиново масло

Начин на подготовка:

1. Добро исчистете го и измијте го спанаќот од дршките. Исечкајте го на ситни делови.

2. Пченката измијте ја под млаз вода, а морковот исечете го на тенки долгнавести ленти.

3. Во подлабок сад измешајте го целиот зеленчук и зачинете со маслиново масло, сокот од лимон и сол.

*По желба можете спанаќот кратко да го обарите во топла вода, доколку не сакате да го консумирате свеж.

4-soleni-recepti-idealni-za-vreme-na-posti (4).jpg

Ароматична салата од варени компири

Потребно ви е:

  • 1 kg компири
  • Сок од 2 лимони
  • 2 главици кромид
  • Неколку кисели краставички
  • 2 црвени јаболка
  • Масло, сол, бибер
  • ¼ лажичка шеќер

Начин на подготовка:

1. Компирот треба да биде претходно сварен и исечен на коцкички. Ставете го во подлабока чинија за салата.

2. Исечкајте го ситно кромидот. Посолете ги компирите, додадете масло, а потоа додадете го кромидот, сечканите јаболка (исто така на коцки) и исечканите кисели краставички.

3. Прелијте ја салатата со сокот од лимон. Додадете бибер и малку шеќер.

4. Добро измешајте ја салатата и оладете ја во фрижидерот за да се спојат добро вкусовите пред да ја послужите.

4-soleni-recepti-idealni-za-vreme-na-posti (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава