Инстантно ќе огладните: Пилешко во тава на нов начин

Овој рецепт може да ви е опција за вкусен ручек или сочно мезе, но секако ви препорачуваме да го пробате.

instantno-ke-ogladnite-pilesko-vo-tava-na-nov-nacin-001.jpg

Пилешкото во импровизиран шрирача сос ќе ви стане новиот омилен начин на кој го подготвувате.

Може да го послужите со салати, помфрит или ориз – секако е превкусно.

Потребни состојки:

  • 1,5 kg пилешко месо (крилца, копанчиња, бело месо)
  • 100 ml мајонез
  • 4 лажици лут сос (по желба)
  • 1 лажичка паста од лук
  • 1 лажичка паста од ѓумбир
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка сусам

Подготовка:

Во длабок сад измешајте го мајонезот со лутиот сос (ако го користите), солта и пастите од лук и ѓумбир. Мешајте додека смесата не се соедини, па додадете го месото во маринадата.

Покријте го садот со фолија и оставете го пилешкото да се маринира најмалку 2 часа, а може да отстои и до 24 часа во фрижидер.

Измешајте, префрлете во тава и пропрскајте со половина од сусамот. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Потоа превртете ги парчињата месо на другата страна, додадете го преостанатиот сусам и печете уште 20 минути.

Вкусната постапка изгледајте ја во видеото и пробајте да одолеете:

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Sriracha Chicken

If you ever find someone hotter than this Sriracha chicken, marry them. Get the recipe ? https://bit.ly/2D8VuH7

Posted by Tastemade UK on Sunday, March 11, 2018

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава