Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Протеински ручек готов за 10 минути, кој го обожава и Џулија Робертс

Кога се работи за исхраната, Џулија Робертс не е типична холивудска дива, па нема да ве советува ручекот да го замените со зелено смути или хумус и зеленчук.

proteinski-rucek-gotov-za-10-minuti-koj-go-obozava-i-julia-roberts-01.jpg

Дури и кога јаде салати, во нив вели дека додава хранливи состојки како јајца, сирење, панчета и јаткасти плодови, кои ја враќаат енергијата, ги градат мускулите и помагаат во слабеењето.

За магазинот People, готвачот Тејлор Бордо од ресторанот Napa Valley Grille го сподели рецептот за ручек кој Џулија Робертс често го консумира.

proteinski-rucek-gotov-za-10-minuti-koj-go-obozava-i-julia-roberts-02.jpg

Топлата салата е составена од:

  • 15g панчета
  • 1 јајце
  • Којзо сирење
  • 1 лажица тостирани ф’стаци
  • 60g прокељ
  • 30ml прелив за салата

Подготовка:

Панчетата исечкајте ја на ситни коцки и пропржете ја во тава (без масло). Прокељот убаво измијте го, иситнете го на мали парчиња, па пропржете го заедно со панчетата.

Вака подготвениот прокељ ставете го во стаклен сад, зачинете со прелив направен од лажица сенф, маслиново масло, вински оцет, 2 лажици сок од лимон, сол бибер и свежи билки по желба.

Преку него ставете ги тостираните ф’стаци, исечканото јајце и коцките сирење.

На здравје!

proteinski-rucek-gotov-za-10-minuti-koj-go-obozava-i-julia-roberts-03.jpg

proteinski-rucek-gotov-za-10-minuti-koj-go-obozava-i-julia-roberts-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg