Лесно и вкусно мезе од состојки кои секогаш ги имате во фрижидер

Ако сакате да направите нешто вкусно за гостите или домашните, а немате многу избор во фрижидер, тогаш овој рецепт е спасот.

lesno-i-vkusno-meze-od-sostojki-koi-sekogas-gi-imate-vo-frizider-001.jpg

Од обично готово тесто, кашкавал и салама направете топло мезе кое сите ќе го обожаваат во секој дел од денот.

Може да послужи дури и како солен појадок, замена за леб за време на ручекот или лесна вечера со некој сос или салата.

lesno-i-vkusno-meze-od-sostojki-koi-sekogas-gi-imate-vo-frizider-2.png

Потребни состојки:

  • 2 пакетчиња лиснато тесто
  • 24 парчиња салама по желба
  • 24 парчиња кашкавал по желба
  • Масло
  • 600ml млеко
  • 50g брашно
  • 50g путер

Подготовка:

Прво подгответе го бешамелот. Стопете го путерот, додадете го брашното, па на крајот млекото. Посолете и зачинете по желба. Оставете неколку минути да се олади и згусне.

Исечете ги двете парчиња тесто на 12 квадратчиња и на секое парче ставете по 1-2 лажички бешамел. Размачкајте, па покријте со салама и кашкавал. Повторете ја постапката со секое парче тесто.

Во калап премачкан со масло наредете ги парчињата тесто вертикално.

Печете на 170 степени, 1 час и 10 минути.

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">La maxi croque Monsieur

Et toi, tu le partages ton croque ? ? Retrouve la recette ici ?https://bit.ly/2jzhlzU

Posted by Tastemade France on Friday, May 11, 2018

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава