Летна салата со домати и краставици која ја обожава и Ријана
Доматите и краставиците се едни од омилените намирници во топлите денови, а кога на таа комбинација ќе додадете и варен наут, ја добивате салатата која дури и Ријана ја обожава.

Наутот е богат со белковини и протеини, а малку калории, па затоа е идеален додаток на обичната салата.
Со читателите на магазинот Esquire, Ријана го сподели рецептот за лесна и евтина салата која се подготвува за 10 минути.

Потребни состојки за една порција:
- 100g варен наут (може да користите и наут од конзерва)
- ½ краставица
- ½ домат
- Малку кромид по желба
- Сол и бибер
- 1 лажица маслиново масло
- Неколку листови босилек
Сите состојки се сечкаат на мали парчиња и се зачинуваат.

Салатата е одличен летен ручек или вечера, а може и да ја понесете со себе како оброк за на работа.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус
Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите
Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...