4-слојна чоколадна киндер торта за која не ви треба печење

Во топлите летни денови ретко кој е расположен за печење, но тоа не значи дека не сакате да се засладите со вкусен десерт.

4-slojna-chokoladna-kinder-torta-za-koja-ne-vi-treba-pechenje-01.jpg

Оние кои се љубители на готвењето нема да одолеат на оваа чоколадна торта во 4 слоеви за која не ви е потребно печење.

Лесно се подготвува, а ќе уживате во чоколадниот вкус, збогатен со бисквити.

Потребни состјки:

За основна смеса:

  • 240ml вода
  • 100g шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 400g млеко во прав
  • 250g путер на собна температура

Прв слој – подлога

  • 100g мелени бисквити
  • 100g мелени ореви
  • 6 лажици млеко

Втор слој

  • 100g чоколадо за готвење

Трет слој

  • 100g бело чоколадо

Четврти слој

  • 2dl слатка павлака или сматен шлаг

Начин на подготовка:

Сварете ја водата, заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Тргнете од оган и постепено додавајте го млекото во прав, притоа постојано матејќи со миксер.

Додадете го и путерот и измиксирајте сè за да се добие соединета и мека смеса.

Од оваа смеса, издвојте 200g и додадете ги во неа бисквитите, оревите и млекото. Измешајте ги добро состојките и распоредете во калап со пречник 20cm. Оставете во замрзнувач неколку минути додека го подготвувате вториот слој.

Чоколадото за готвење стопете го и соединете го со половина од преостаната смеса со млеко во прав. Мешајте додека не се добие кремаста смеса и прелијте врз слојот со бисквити. Вратете во замрзнувач уште неколку минути.

Белото чоколадо стопете го и соединете го со преостанатата смеса со млекото во прав. Соединете ја смесата и распоредете ја врз слојот со темно чоколадо.

Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер да се стврдне, а потоа одозгора ставете шлаг и послужете.

4-slojna-chokoladna-kinder-torta-za-koja-ne-vi-treba-pechenje-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Кремаста Киндер буено торта без печење, ќе ја обожава цело семејство Ако ви се јаде нешто благо, уште денес можете да ја подготвите токму оваа торта ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...

Најчитани неделава