Создадена за репете - „Машка солена торта“ од ќебапи

Впрочем, не е наменета само за мажите, туку за сите оние кои имаат потреба од добро солено јадење. Кога ќе ги видите состојките и крајниот резултат, ќе ви стане јасно зошто претставува врвно гастрономско уживање како создадено за парче повеќе.

Maska-solena-torta-od-kjebapi-01.jpg

Што ви е потребно?

  • 20-25 големи ќебапи
  • 500-600 g компири
  • 30 g путер
  • 300 g рикота (или некоја замена)
  • 2 лажици кисела павлака
  • 3 јајца
  • 2 печени црвени пиперки
  • 150 g печурки
  • 150 g кашкавал
  • Свеж магдонос и останати зачини по вкус
  • Сол и бибер (според вкусот)

Начин на подготовка:

Подгответе калап за печење со кружна форма и големина со пречник од 24 cm. Полуодмрзнатите ќебапчиња исечете ги на половина и наредете ги исправени во калапот.

Компирот сварете го и испасирајте го, додадете путер, сол и бибер, а доколку сакате може да додадете и малку сечкан свеж магдонос.

Изматете ги двете јајца со киселата павлака и додадете ја рикотата. Посолете и додадете зачини по желба (куркума, вегета, оригано, кари…) и добро измешајте ја смесата.

На дното од калапот наредете го остатокот од исечканите ќебапчиња, со исечениот дел свртен нагоре.

Истурете половина од смесата од компири. Врз неа исечкајте ги црвените пиперки. Додадете ја смесата од рикота и остатокот од исечканите ќебапи. Потоа истурете го остатокот од пирето од компири и убаво израмнете со лажица. 

Издинстајте ги печурките на малку путер и додадете ги врз слојот компири.

Загрејте ја рерната на 200˚С и печете околу 1 час, најважно е ќебапите да се добро испечени. Пред крајот, додадете го ренданиот кашкавал и вратете ја „тортата“ назад во рерната неколку минути додека не се стопи и зарумени.

За полесна подготовка погледнете го видеото:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава