Брзи, ладни мезиња - идеални за ненајавени гости
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Брзи, ладни мезиња - идеални за ненајавени гости

Дури и кога мислите дека немате ништо во фрижидер, со овие едноставни идеи и рецепти, може да послужите нешто вкусно.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-001.jpg

Сите имаме неколку блиски пријатели и роднини кои знаат да се појават на вратата ненајавено, па во тие моменти наместо да признаете дека не сте ги очекувале и немате ништо за послужување, бидете мудри и искористете ги овие идеи.

Ви требаат само неколку минути за подготовка на овие ладни мезиња:

Чипс и бел сос со кисели краставички

Состојки:

  • 1 шолја крем сирење
  • 1 шолја кисела павлака
  • Малку исечкан копар
  • Малку лук во прав
  • Сол по вкус
  • 1 шолја исечкани кисели краставички

Измешајте ги сите состојки во една длабока чинија и послужете со чипс околу неа.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-2.jpg

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-1.jpg

Полнети јајца со авокадо

Состојки:

5 варени јајца

½ авокадо

Зачини и сол по желба

Сварете ги јајцата, пресечете ги на половина и одвојте ги жолчките од белките. Жолчките измешајте ги со пасирано и зачинето авокадо, па со мешавината наполнете ги белките.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-4.jpg

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-3.jpg

Маринирана моцарела (или сирење по желба)

Состојки:

2-3 пакетчиња Моцарела

½ шолја маслиново масло

Зачини и сол по желба

Во голем сад ставете ја исечканата моцарела и прелијте ја со маслиново масло. Додадете зачини и билки по желба, па оставете ја неколку минути да остои во фрижидер. Потоа послужете со стапче на секое парче или со багет лепче. Може да додадете и чери домати, доколку имате.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-5.jpg

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-6.jpg

Ролни од салама

Ова е рецепт без точни и конкретни состојки, важна е само идејата.

Во тенко сечкани парчиња салама или сувомеснато наредете зеленчук, сирење или кашкавал по земја и направете мини ролнички.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-8.jpg

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за брзи, посни колачиња Иако во наредниот период ќе бидеме малку ограничени со состојките за рецептите к...
Брзо мезе со зачинети, печени компирчиња – крцкави однадвор, а меки од... Еве една одлична идеја за брзо и лесно мезе, рецепт кој ќе ви се најде за ненаја...
Ќе излижете прсти - Летни кесадиљи со салца од домати Во овој период од годината самата помисла на готвење ни предизвикува мачнотија. ...