Есенско слатко од кујната на баба: „Сирење“ од дуњи

Кралицата есен ни пристигна, а со неа и сезоната на варената пченка, печените тикви и секако – дуњите. Искористете го ова ароматично есенско овошје и направете си „сирење“, старински десерт од кујната на баба:

Sirenje-od-dunji-01.jpg

Потребни состојки:

  • 2,5 kg дуњи
  • 500 gr бел шеќер
  • 1 лимон

Начин на подготовка:

1. Измијте ги дуњите и исечкајте ги на помали коцкички.

2. Ставете ги во подлабоко тенџере, прелијте ги со вода и варете ги на средна температура од 15-20 минути, односно додека дуњите не омекнат.

3. По варењето процедете ги дуњите и од нив направете пире, но зачувајте ја водата во која се вареа. Во неа додадете го шеќерот и сокот од лимонот и оставете да проврие околу 10 минути.

4. Во течната смеса додадете го пирето од дуњи и на средна температура мешајте сè додека водата целосно не испари и смесата не се згусне.

5. Кога смесата ќе биде готова, во намастен калап по ваша желба (силиконски, метален или пластичен), истурете ја смесата.

6. „Сирењето“ од дуњи оставете го да отстои минимум 2 дена на суво и ладно место. Кога добро ќе се исуши, извадете го од калапот.

7. Коцките може да ги свалкате во мелени ореви, бадеми или крупен шеќер.

8. Складирајте ги во метална кутија обложена со хартија за печење, во која може да ставите и ловоров лист за уште поубав мирис на овој совршен есенски десерт.

Sirenje-od-dunji-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава