Есенска пита со ајвар и шампињони

Откако го направивте ајварот, време е да најдете рецепти во кои ќе го искористите, наместо само да го мачкате на лепче.

esenska-pita-so-ajvar-i-shampinjoni-1.jpg

Вкусот на пиперки одлично се вклопува со шампињоните, па затоа ви предлагаме да направите пита со оваа комбинација.

Солено есенско уживање!

Состојки:

  • 500g кори за пита
  • 100ml вода
  • 100ml масло
  • ½ голема тегла ајвар
  • Околу 500g шампињони
  • 1 прачка праз
  • Сол и зачини по вкус

Подготовка:

Исечкајте го празот, па со малку вода и масло оставете го да се издинста. Кога ќе омекне, додадете ги сечканите шампињони. Варете додека водата не испари.

Ставете една кора во тава, пропрскајте со масло, ставете уште една врз неа, па потоа филот од шампињони и праз. Покријте со две кори. Премачкајте со ајвар.

Редете додека има кори, може да ставате по една или по повеќе измеѓу филовите, а врз последните не мачкајте ништо.

Корите може да ги печете како пита или да направите ролат од нив.

Печете на 220 степени, додека горниот слој не добие кора. Вишокот вода ќе испари при печењето.

На здравје!

esenska-pita-so-ajvar-i-shampinjoni-2.jpg

esenska-pita-so-ajvar-i-shampinjoni-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Вкусна и лесна - пита од тиквички, готова за помалку од еден час Наместо класичните рецепти за пита со сирење или месо, зошто да не направите пит...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...

Најчитани неделава