Предизвик „Омилена со секој оброк“ - 3 брзи рецепти во кои тајна состојка е павлаката

Прифаќајќи го предизвикот на БиМилк да зготвиме слатко или солено јадење во кое ќе ја употребиме нивната битолска павлака која дефинитивно оди со сè, се одлучивме и за едната и за другата варијанта, бидејќи можностите се практично неограничени.

Omilena-so-sekoj-obrok-01.jpg

Битолската павлака со право го носи слоганот „Омилена со секој оброк“. Со желба да ги избегнеме најочигледните комбинации – пилешко месо или тестенини во млечен сос, решивме да подготвиме една од најомилените комбинации кај македонскиот народ–кифлички и салата.

Заедничко кај двете јадења е тоа што павлаката не е само обичен, туку неопходен додаток. Таа е тајната за крцкави однадвор, а меки „како душа“ однатре кифлички, рецепт како скроен за сите кои не сакаат или не умеат да месат тесто.

Со помош на павлаката, кифличките „се прават самите“ и нема потреба од чекање тестото да стаса или да се меси. Во комбинација со крем салатата со свежи печурки и павлака имате одличен оброк за појадок, мезе, ненајавени гости… едноставно, нема некој што не сака кифлички и салата, нели?

Брзи кифлички со павлака (за сите кои не сакаат и не знаат да месат)

Потребно ви е:

  • 600 gr брашно
  • 200 ml битолска павлака
  • 100 ml топло масло (или растопен путер)
  • 200 ml топло млеко
  • 1 свеж квасец
  • 1 печиво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • Жолчка за премачкување
  • Ким, сусам, семки од лен, тиква, црно семе (по избор)

Omilena-so-sekoj-obrok (3).jpg

Начин на подготовка:

1. Квасецот се раствора во малку топло млеко.

2. Се мешаат брашното, солта, печивото, павлаката, маслото (или путерот) и смесата од квасец и млеко.

3. Се меша со лажица или со раце и се обликува меко тесто.

4. Доколку сакате екстра меки кифлички „удрете“ ја топката тесто од 50-100 пати од работната површина, додека не добиете мазна топка.

5. Без да чекате да стаса, обликувајте кифлички во форми по желба. Може да бидат празни или со фил по сопствена желба.

6. Премачкајте ги кифличките со матена жолчка и наросете сусам, ким, семки од тиква…

7. Печете веднаш, во загреана рерна на 200˚С, од 15-20 минути, или додека не заруменат, според јачината на рерната.

omilena-so-sekoj-obrok-krem-salata-so-svezi-pecurki-i-meki-kiflicki-so-pavlaka-2-1.jpg

 

Крем салата со свежи печурки, оригано и павлака

Потребно ви е:

  • 1 чадено вакуумирано пилешко филе (околу 300-350 gr)
  • 250 gr кашкавал
  • 250-300 gr свежи печурки
  • 4-8 лажици битолска павлака
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица мајонез
  • Оригано, сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го пилешкото филе и кашкавалот на многу ситни коцки.

2. Печурките исечкајте ги покрупно и испржете ги на малку путер додека убаво не заруменат. Додадете оригано според вкус.

3. Во подлабок сад ставете го сечканото пилешко и кашкавалот, додадете ги печурките, павлаката и сенфот и мајонезот.

4. Додадете бибер и сол по вкус и добро измешајте.

5. Павлаката додавајте ја постепено, додека не ја добиете посакуваната густина на салатата.

predizvik-omilena-so-sekoj-obrok-3-brzi-recepti-vo-koi-tajna-sostojka-e-pavlakata-3-1.jpg

omilena so sekoj obrok krem salata so svezi pecurki i meki kiflicki so pavlaka 1

* Може да ја послужите салатата со кифличките во духот на есента – во испразнети бабури, наместо класично во чинија. Декорирајте со шери домат кој лесно може да го обликувате во мала буба мара, со црно семе и половина маслинка.

omilena-so-sekoj-obrok-krem-salata-so-svezi-pecurki-i-meki-kiflicki-so-pavlaka-2-2.jpg

Omilena-so-sekoj-obrok (1).jpg

 

Бонус рецепт: „Рафаело“ топчиња со лешник и павлака

Лесни, вкусни топчиња кои се прават неверојатно брзо. За 40 бомбици потребно ви е:

  • 40 лешници
  • 150 gr кокос
  • 100 gr бело чоколадо
  • 125 gr путер
  • 125 gr шеќер во прав
  • 2 големи полни лажици битолска павлака

Начин на подготовка:

1. Стопениот путер на собна температура добро измешајте го со шеќерот во прав додека не добиете мазна смеса.

2. Додадете 100 gr рендано бело чоколадо (изрендано на покрупната страна на рендето) и кокосот.

3. На крајот се додаваат 2 големи лажици павлака и добро се меша целата смеса.

4. Се обликуваат топчиња со 1 лешник во средината, и се валкаат во кокос.

5. Декорирајте по желба со украси за ситни колачи и послужете кафе со вкусните домашни „Рафаело“ бомбици.

omilena-so-sekoj-obrok-krem-salata-so-svezi-pecurki-i-meki-kiflicki-so-pavlaka-2-6.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава