5 рецепти за вкусни посни салати ако сакате да промените нешто на трпезата

Оние кои постат или организираат посна слава не значи дека треба да се ограничат на само неколку видови јадења.

5-recepti-za-vkusni-posni-salati-ako-sakate-da-smenite-neshto-na-trpezata-01.jpg

Постојат многу разновидни посни рецепти, а ние ви нудиме 3 вкусни рецепти за посна салата.

Збогатете ја трпезата со овие посни салати и изненадете ги гостите со нешто поразлично од претходно.

Од крем салати до богати оброк салати - одберете ги рецептите кои најмногу ви одговараат според пригодата...

Шарена салата со ориз и туна

Потребни состојки:

  • 900 g варен ориз
  • 400 g туна
  • 200 g грашок од конзерва или варен
  • 2 црвени пиперки исечени на коцки
  • 3 домати исечени на ситни парчиња
  • 1 лажичка ситно исечкан магдонос
  • 1 лажичка ситно исечкани маслинки
  • 4 лажици посен мајонез
  • Сок од 1 лимон
  • 2 лажички маслиново масло

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и сервирајте по желба.

5-recepti-za-vkusni-posni-salati-ako-sakate-da-smenite-neshto-na-trpezata-02.jpg

Посна салата со тестенини и туна

Потребни состојки:

  • 2 конзерви туна на парчиња
  • 100 g шампињони
  • 100 g несолени печени кикирики
  • 500 g посни тестенини
  • 400 g посен мајонез
  • 5-6 кисели краставички
  • Сол

Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините и во исто време исечкајте ги и запржете ги малку печурките. Исечкајте ги краставиците и кикириките и исцедете ја тунатата.

Измешајте ги туната, печурките, краставиците и кикириките, посолете ја смесата и соединете ги со тестенините, мешајќи со мајонез. Оставете да отстои во фрижидер пред сервирање.

5-recepti-za-vkusni-posni-salati-ako-sakate-da-smenite-neshto-na-trpezata-03.jpg

Посна салата со компир и пченка

Потребни состојки:

  • 1 kg компир
  • 2 моркова
  • 4-5 кисели краставички
  • 1 мала конзерва пченка
  • Печени пиперки како додаток
  • Маслинки
  • Сол и бибер

Начин на подготовка

Сварете го компирот, излупете го и добро изгмечете го додека не добиете соединета смеса. Зачинете со сол и бибер по вкус и по желба додадете малку маслиново масло.

Морковот малку сварете го и исечкајте го на коцки заедно со краставичките. Пченката исцедете ја од вода.

Можете да ги измешате сите состојки или прво да ставите во сад половина од пирето, па да ги наредите сите измешани други состојки и одозгора да го доставите останатиот дел од пирето.

Завиткајте со фолија и оставете да отстои 1-2 часа, а потоа превртете ја во соодветна чинија.

5-recepti-za-vkusni-posni-salati-ako-sakate-da-smenite-neshto-na-trpezata-04.jpg

Салата со туна и зеленчук

Потребни состојки:

  • 400 g компир
  • 300 g грашок
  • 250 g боранија
  • Зачини
  • 2 конзерви туна

Начин на подготовка:

Сварете ги компирот, грашокот и боранијата, а за време на варењето додајте суви зачини и посолете по вкус.

Исцедете го зеленчукот, а компирот исечете го на парчиња по желба. Ставете ги во голем сад и додајте ја туната, па добро измешајте.

Сервирајте во чинија и украсете со магдонос или босилек.

5-recepti-za-vkusni-posni-salati-ako-sakate-da-smenite-neshto-na-trpezata-05.jpg

Крем салата со риба и сусам

Потребни состојки:

  • 300 g риба по желба
  • 3 моркови
  • 4 компири
  • 3-4 сечкани кисели краставички
  • 350 g посен мајонез
  • 200 g сусам

Начин на подготовка:

Сварете ја рибата и добро исчистете ја од коски па малку издробете ја со раце. Сварете 3 моркови и 4 компири.

 Во сад измешајте ја рибата, сечканиот морков и изренданиот или издробен компир, па додадете ги исечканите кисели краставички. Соединете ја смесата со мајонезот.

Запржете го малку сусамот на сува тава, додајте го во салатата, измешајте и уживајте во вкусот.

5-recepti-za-vkusni-posni-salati-ako-sakate-da-smenite-neshto-na-trpezata-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна посна паштета – за деновите кога сакате да намачкате намаз на леб Ако постите, а имате потреба од вкусен намаз за леб, кој ќе ви се најде во кое б...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...

Најчитани неделава